„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше преполовено“

Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со мача. Таа веќе имала анемија, но чајот дополнително ѝ го намалил нивото на железо во организмот. Мачата може да има влијание врз апсорпцијата на железо во организмот, па таа го споделува своето искуство за да ја зголеми свесноста за оние кои веќе имаат анемија.

pochnav-chesto-da-pijam-chaj-so-macha-no-zavrshiv-na-bolnica-nivoto-na-zhelezo-vo-krvta-mi-beshe-prepoloveno-01.jpg

Пијалаците, но и храната со мача станаа огромен хит во светот, а сè почесто ги гледаме и кај нас.

Мачата е всушност прав добиен од листови зелен чај кој со векови се користи во азиските земји.

Мачата е богата со антиоксиданти, а има и состојки кои ја подобруваат функцијата на мозокот и расположението.

Некои истражувања покажуваат дека е добра за здравјето на црниот дроб и метаболизмот, како и дека може да го регулира нивото на шеќер во крвта.

Па, со толку многу здравствени придобивки, не е ни чудно што почнува да се користи насекаде.

pochnav-chesto-da-pijam-chaj-so-macha-no-zavrshiv-na-bolnica-nivoto-na-zhelezo-vo-krvta-mi-beshe-prepoloveno-05.JPG

Сепак, жена од САД се соочила со проблем со здравјето откако почнала често да пие чај од мача.

28-годишната Лин Шазин открива дека завршила во болница, со инфузија, поради чајот од мача.

Таа почнала да го консумира чајот пред околу шест месеци, а го пиела барем еднаш неделно.

pochnav-chesto-da-pijam-chaj-so-macha-no-zavrshiv-na-bolnica-nivoto-na-zhelezo-vo-krvta-mi-beshe-prepoloveno-04.JPG

По три месеци, почнала да забележува невообичаени симптоми, како срцеви папилации и замор.

Бидејќи симптомите само се влошувале, решила да отиде на лекар и дознала дека нивото на железо во крвта драстично ѝ се намалило.

Лин, која е медицинска сестра, вели дека веднаш ѝ ставиле инфузија и ѝ препишале суплементи со железо.

„Чајот со мача беше единствената промена што ја имав направено во исхраната и секојдневието. И јас и мојот лекар ја разгледавме секоја друга можност, но беше јасно дека проблемот е чајот со мача“.

pochnav-chesto-da-pijam-chaj-so-macha-no-zavrshiv-na-bolnica-nivoto-na-zhelezo-vo-krvta-mi-beshe-prepoloveno-03.JPG

Лин истакнува дека има анемија, поради што и онака имала ниско ниво на железо во крвта.

Почнала да пие мача поради антивоспалителните својства.

„Имав некои воспаленија, па лекарот ми препорача да направам промени во исхраната.

Мачата, и зелениот чај воопшто, се познати по антивоспалителните својства. Па, почнав да пијам мача барем еднаш неделно“.

pochnav-chesto-da-pijam-chaj-so-macha-no-zavrshiv-na-bolnica-nivoto-na-zhelezo-vo-krvta-mi-beshe-prepoloveno-02.JPG

Иако од мачата има здравствени придобивки, Лин открила дека сепак не е погодна за неа.

Имено, според истражувањата, зелениот чај, вклучувајќи ја и мачата, можат да имаат влијание врз апсорпцијата на железо во крвта.

Па, бидејќи Лин веќе имала ниско ниво, чајот значително ѝ ја влошил состојбата.

„Забележав дека повеќе ми студи и дека сум поуморна од вообичаено, но немав поим од што, сè додека не направив крвна слика. Штом видов дека нивото на железо ми се преполовило, знаев дека е од чајот со мача.

Бев загрижена, но како медицински професионалец, успеав да останам смирена. Откако ми дадоа инфузија, престанав да пијам мача и сега пијам само обични чаеви. Земам и суплементи со витамин Ц и железо“.

pochnav-chesto-da-pijam-chaj-so-macha-no-zavrshiv-na-bolnica-nivoto-na-zhelezo-vo-krvta-mi-beshe-prepoloveno-06.JPG

Лин го споделува своето искуство бидејќи ова е можен несакан ефект од мача за кој речиси и да не се зборува.

Па, ако имате анемија или генерално имате проблеми со железото, можеби треба да ги прескокнете пијалаците и храната со мача или барем да се консултирате со вашиот лекар.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg