Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат“
„За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како повторно да дишеш. За тебе која можеби ќе помислиш дека светот се срушил и дека повеќе нема понатаму...“, емотивно вели Ана Дорник и објавува фотка од себе во најтешкото, за поддршка на сите жени кои допрва ќе се борат со ракот.

Популарната српска хуманитарка и инфлуенсерка Ана Дорник е жена која се има изборено со ракот и со својата работа им помага на многу жени да се справат со борбата со оваа болест.

Таа има и автобиографска книга за нејзината борба „Ти си таа“, а неретко гостува и во Македонија.

Сега, таа објави нова инспиративна објава, за сите оние кои допрва можеби, за жал, ќе се соочат со ракот.
На овие жени Ана им порача:
„За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат.
За тебе која допрва ќе учиш како повторно да дишеш.
За тебе која во градите ќе носиш рането срце.
За тебе која во рацете ќе ја држиш својата душа, кревка, но сѐ уште жива.
За тебе која можеби ќе помислиш дека светот се срушил и дека повеќе нема понатаму.
За тебе која ноќе ќе бараш одговори, а наутро ќе собираш сила да станеш.
За тебе е оваа фотографија.
Ти ја подарувам како потсетник:
дека си посилна отколку што мислиш,
дека твоето срце ќе знае повторно да го сака животот,
и дека чудата понекогаш се раѓаат токму од нашите најголеми борби.
Запомни го ова:
„Жената која ќе ја преживее својата темнина, никогаш повеќе не се сомнева во својата светлина“.
И затоа - продолжи да одиш.
Еден ден ќе се свртиш назад и ќе сфатиш дека не само што си го преживеала патот.
ТИ СТАНА СВОЈА СВЕТЛИНА!“
