Зошто вчеравечер ме воодушеви жената хероина Ана Дорник, која се избори со ракот, и сега помага на други?

Ми се допадна Ана Дорник затоа што е жена која се соочила со рак на дојка, а сепак испрати моќна порака дека во животот најпатетично е да глумите жртва, дека треба да ги земете конците во свои раце, да не се вадите на судбина и вие сами да ја креирате својата судбина.

Прати_ми_во_word_со_македонска_поддршка_инфо_за_вовед_име_презиме_години_професија_каде_се_наоѓа_станот_доколку_сакаш_и_колкав_е-01.jpg

Вчеравечер (29.03) во хотелот Александар Палас македонската публика имаше можност одблиску да ја запознае популарната српска хуманитарка и инфлуенсерка Ана Дорник, жената која се има изборено со ракот и со својата работа им помага на многу жени да се справат со борбата со оваа болест.

Таа ја промовираше својата автобиографска книга „Ти си таа“, а гостинка на настанот беше нашата Лила Филиповска.

Зошто Ана ми остави навистина силен впечаток?

Прво, затоа што вчервавечер изгледаше како холивудска дива со перје, светки, тренди панталони, а не како жртва.

Прати_ми_во_word_со_македонска_поддршка_инфо_за_вовед_име_презиме_години_професија_каде_се_наоѓа_станот_доколку_сакаш_и_колкав_е-06.jpg

Говореше толку емотивно што допре до срцата на секој еден од публиката, дури и на оние кои не се во битка со оваа тешка болест, туку си имаат некоја своја животна битка.

Прати_ми_во_word_со_македонска_поддршка_инфо_за_вовед_име_презиме_години_професија_каде_се_наоѓа_станот_доколку_сакаш_и_колкав_е-02.jpg

Беше искрена за 16-те години кога била Ана каква што не сакала да биде и каква што никогаш не се прифатила, но по дијагнозата станала Ана, која што сакала да биде и на патот притоа се ослободила од луѓето кои не сакале да ја прифатат новата верзија од неа.

Прати_ми_во_word_со_македонска_поддршка_инфо_за_вовед_име_презиме_години_професија_каде_се_наоѓа_станот_доколку_сакаш_и_колкав_е-04.jpg

Ги спомена децата кои тогаш ѝ велеле дека нема потреба да биде хероина секогаш и во ред е секој некогаш во животот да биде слаб.

Прати_ми_во_word_со_македонска_поддршка_инфо_за_вовед_име_презиме_години_професија_каде_се_наоѓа_станот_доколку_сакаш_и_колкав_е-03.jpg

Таа е гласот на жените кои се борат со рак во Србија, работи на тоа да бидат слушнати и нивните права да бидат остварени.

Прати_ми_во_word_со_македонска_поддршка_инфо_за_вовед_име_презиме_години_професија_каде_се_наоѓа_станот_доколку_сакаш_и_колкав_е-12.jpg

Наградувана е за тоа што го работи, затоа што го работи тоа што го сака со срце и душа.

Прати_ми_во_word_со_македонска_поддршка_инфо_за_вовед_име_презиме_години_професија_каде_се_наоѓа_станот_доколку_сакаш_и_колкав_е-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ана Бебиќ (39) од „Операција Триумф“ објави ретка семејна фотка - И денес е убавица и без грам шминк... Нашиот Александар Белов беше миленикот на публиката, но не успеа да ја понесе по...
Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“ „Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...
Се возеше со папата на веспа, ги заведе Ал Пачино и Горан Бреговиќ - Која е првата старлета во Југос... Поради една вечера со Силвио Берлускони ѝ го припишаа падот на италијанската вла...
Ана Бекута исвиркана во Чачак - Граѓани ја гаѓаат со топки снег, пее од комбе за да го заврши концер... „Срам да ви е! Имате ли мајка? Имате ли сестра? Имате ли баба? Каде е полицијата...
„Ќе го пријавам сопругот за силување“ - Нова драма на Ана Николиќ, неколку дена по свадбата на Малди... „Господинот Рале дозволи да ме исфрлат од хотел од Дубаи како да сум го*но. ...
Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg