Првиот емотивен говор на Лила Филиповска за борбата со ракот: „Плачев само двапати, периодот на дијагноза ми беше најтежок“

„Првиот пат плачев после операцијата во Турција кога во ноќница со подвижна инфузија се движев по ходникот и си викав „Боже што ми се случи“, не викав „Зошто мене ми се случи“, затоа што знам дека тоа не е правилно прашање, дека не е вистинското прашање, затоа што не сум само јас, за жал...“, е дел од емотивната исповед на Лила Филиповска од вчеравечер на настан во Александар Палас. 

najemotivniot-govor-na-lila-filipovska-za-borbata-so-rakot-plachev-samo-dvapati-periodot-na-dijagnoza-beshe-najtezhok-01.jpg

Вчеравечер (29.03) во хотелот Александар Палас македонската публика имаше можност одблиску да ја запознае популарната српска хуманитарка и инфлуенсерка Ана Дорник, жената која се има изборено со ракот и со својата работа им помага на многу жени да се справат со борбата со оваа болест.

Таа ја промовираше својата автобиографска книга „Ти си таа“, а гостинка на настанот беше нашата Лила Филиповска.

Лила за првпат во емотивен говор ги раскажа деталите за нејзината борба со ракот.

Ана ја најави Лила како најпознато ТВ лице во Македонија и изјави дека Лила, како и таа самата, се доказ дека ракот на дојката е победлив.

najemotivniot-govor-na-lila-filipovska-za-borbata-so-rakot-plachev-samo-dvapati-periodot-na-dijagnoza-beshe-najtezhok-03.jpg

Емотивната исповед на Лила за тешката година, која, за среќа, е веќе зад неа:

Апсолутно е победлив ракот на дојка! Благодарам што сум тука за да видам како се прави ова, затоа што во иднина планирам да го правам буквално ова што го прави Ана – да бидам некому поддршка.

Цел живот сум била некому поддршка од разни причини, на овој или оној начин, но првпат на овој и верувајте не е лесно.

Според мене, наша е одлуката кога и дали ќе се излечиме. Кога излезе мојата дијагноза јас во моментот бев лута сама на себе. Зошто?

Затоа што точно знам како функционира организмот, дека сè тргнува од главата, дека преку мислите, сè се рефлектира на телото и дека секоја болест е резултат на некоја емотивна траума.

najemotivniot-govor-na-lila-filipovska-za-borbata-so-rakot-plachev-samo-dvapati-periodot-na-dijagnoza-beshe-najtezhok-16.jpg

Ќе ја споменам и покојната Исидора Бјелица, која мене ми е многу драга, којашто викаше: „Се хранам здраво, живеам здраво, позитивна сум, се дружам со луѓето, меѓутоа имав тага во галони“. Значи чувствата се тие што се причина за многу болести кај нас и јас знам точно тоа од каде ми потекнува.

Бев лута сама на себе затоа што сум „контрол фрик“ и во моите 50 години освен прележан ковид немав никаква друга болест, ниту притисок, ниту холестерол, никаков проблем и после така здрав живот бев лута дури и за ковидот, кој го прележав тешко.

И знам од каде потекнува тоа… Од мојата тага по мојот татко од чија смрт веќе 10 години се поминати.

Јас не можев и сè уште не можам да се изборам со таа тага, а мора. Имам живот, имам дете, имам мајка, јас навистина знам дека сѐ почна од таа тага, којашто знам дека ја имам во галони и со која не можам да се справам и затоа сум лута сама на себе.

Морав да се потрудам да го прифатам тоа што се случи и уште ми е така тешко.

И потоа имав еден огромен стрес, баш огромен стрес, и јас потсвесно знаев дека тоа мора некаде да оди и тоа и се случи. Јас, кога ја добив дијагнозата од една страна бев изненадена, а од друга страна ми беше очекувано.

И си велев сама на себе: „Ете виде Лила што направи… Е, сега како што си дозволила да влезеш во кашава, има да се извадиш.“

najemotivniot-govor-na-lila-filipovska-za-borbata-so-rakot-plachev-samo-dvapati-periodot-na-dijagnoza-beshe-najtezhok-08.jpg

Значи не постои компромис. Нема тука хероини, немаме друг избор. Изборот е или легнуваш тука и умираш, или се бориш со сите сили, размислуваш позитивно, размислуваш на позитивен исход.

Јас ја добив денес дијагнозата, а веќе до вечерта размислував како ќе бидам излечена. Само размислував колку време ќе ми треба, си мислев како ќе продолжи мојата кариера која е пред очите на јавноста, работам и на Инстаграм и сум постојано пред очите на јавноста. Друго е да работам во администрација, а јас живеам и заработувам од јавниот живот.

Живеам сама, имам син, да е здрав и жив, но тој живее сам и си работи. Меѓутоа јас морам да работам и ако сега легнам, се откажам и кажам јас имам рак на дојка, ќе се умира и тоа е тоа од што ќе живеам...?

Прво, го сакам животот, второ не сакам да изгледам дека сум болна, а и не сум болна и докторот кој ме оперираше во Истанбул ми рече: „Лила, ти не си болна“.

Јас му кажав: „Пред ова бев потполно здрава. Ми рече: „Ти и сега ќе бидеш здрава, само ова да го отстраниме“.

najemotivniot-govor-na-lila-filipovska-za-borbata-so-rakot-plachev-samo-dvapati-periodot-na-dijagnoza-beshe-najtezhok-09.jpg

Плачев двапати, двапати само заплакав, но тоа не е за браво, подобро е да плачете. Тоа што ретко плачам е една од причините што ова ми се случи. Плачете бе луѓе, поубаво е чувството.

Јас од инает не плачев, имав инает...

Првиот пат плачев после операцијата кога во ноќница со подвижна инфузија се движев по ходникот и си викав „Боже што ми се случи“, не викав „Зошто мене ми се случи“, затоа што знам дека тоа не е правилно прашање, дека не е вистинското прашање, затоа што не сум само јас, за жал.

Туку си реков: „Како си го дозволив ова“ и тогаш заплакав.

najemotivniot-govor-na-lila-filipovska-za-borbata-so-rakot-plachev-samo-dvapati-periodot-na-dijagnoza-beshe-najtezhok-13.jpg

И потоа, јас се надевав дека ќе смислат некоја хемотерапија од која нема да паѓа косата, јас цел живот многу сакам долга коса, па снимање, локни, надградби, пунџи и кога докторот ми кажа дека не постои магична хемотерапија и дека задолжително ќе ми падне косата - тоа ми беше второто плачење.

Но, тој ми рече дека од сето ова ќе излезе нешто добро, а доброто е што сум сега тука. Ќе му се јавам после откако ќе завршам да му кажам дека тоа се случи.

Јас веќе 4-тиот, 5-тиот ден по операцијата шетав по продавници во Истанбул со дренови. Не сум болна, само сум оперирана, ништо не ми е.

Беше зима, нагрната со една бунда и имав панталони со џебови, па во џебовите дреновите. Значи никој не знае.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Лила по 4 месеци повторно на Бали: „Затоа што еднаш не е доволно“ Лила Филиповска повторно ужива на Бали, само неколку месеци откако го посети ост...
Лила во секси црвен костим за капење од плажа во Дубаи го честита 1-ви Мај „Сè можете да ми кажете, што сакате кажете, ама како да си го живеам својот живо...
Лила Филиповска: „Канцерот не знае ни кои сте, ни колку години имате, ни од каде доаѓате“ „Јас сакам да го гледам светот со розови очила, така е многу поубав, така го гле...
Лила Филиповска во Дубаи и Турција, Миа Костова на Малдиви - Познатите Македонки ја отворија сезонат... Тијана Дапчевиќ беше во Египет, Илина Арсова помина неколку дена покрај езеро во...
Лила и Биг Мама го истражуваат Сингапур – По влечки на аеродром, на молитва во будистички храм (фото... „Од авион се симна со папучиве и низ цел аеродром вака шеташе. Не можеш да не ја...
Бомбакис за CRNOBELO.com: „На 28 години добив дијагноза за рак на тестиси, ми олесна кога дознав дек... „Дијагнозата за рак ти го менува целиот живот и гледаш во сите негативни ситуаци...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg