Лила Филиповска се врати на работа во хит аутфит со влечки - по патувањето со другарите во Белград
- Детали
- петок, 26 декември 2025
„Јас го сакам животот и тој ме сака мене… Едноставно е“, вели Лила Филиповска и живее токму во тој стил, особено по дијагнозата рак на дојка, со која успешно се избори и ја остави зад себе.

Лила Филиповска постојано патува, се дружи и ужива во секој ден од животот со полн здив.

Па, така беше и на патувањето во Белград, каде Лила беше со своите другари - водителот на временска прогноза Спасе Јовановски и стилистот Зоки Давитков.

Од прошетки по новогодишните пазари до уживање во украсени локали, друштвото уживаше во секој миг.

Но, Лила заврши со релаксацијата и им се врати на работните обврски пред ТВ екраните, а на својот Инстаграм профил сподели хит аутфит.
Таа се појави во бунда, мрежести хулахопки и влечки на нозете.
„Многу модерно“, се пошегува водителката.

Дали вака ќе се појави и на ТВ екраните или само си ги одмора стапалата од високите потпетици, останува да видиме.
