И Ксенија Николова објави фотка како се гушка самата себеси како дете: „Ти си најсилна кога е најтешко“

„Ксенија, сакам да знаеш дека постои некој кој во една точка од животот сфати многу работи, многу нешта остави зад себе и почна одново, а оттогаш, тој некој ти го чува грбот. Јас, тој некој сум јас“, ѝ се обраќа Ксенија Николова на помалата верзија од себе, гушкајќи се себеси како дете со помош на вештачка интелигенција.

i-ksenija-nikolova-objavi-fotka-kako-se-gushka-samata-sebesi-kako-dete-01.jpg

Писателите Коста Петров и Кирил Ангелов со помош на вештачка интелигенција си направија фотографии каде си ја гушкаат помалата верзија од себеси, односно во раце се држат себеси како деца.

i-ksenija-nikolova-objavi-fotka-kako-se-gushka-samata-sebesi-kako-dete-03.jpgКоста Петров

i-ksenija-nikolova-objavi-fotka-kako-se-gushka-samata-sebesi-kako-dete-02.jpgКирил Ангелов

Сега, истото го направи и Ксенија Николова, која си напиша писмо до самата себе.

Нејзината објава гласи:

„Сакана моја мала Ксенија, дојди да те гушнам!

Јас многу малку се сеќавам на тебе, на твоето детство. Се трудам преку пишување да си ги пополнам дупките и одвреме, навреме, успеавам да те здогледам, да ти го чујам гласот, да те ѕирнам од некаде додека си играш и да ги поминам со тебе моментите кога си сама.

Сосем малку, ама успевам.

Не знам зошто, ама најтешко ми е да склопам нешто за тебе, иако точно знам што сакам да ти кажам, не знам како, како да немам зборови, снемувам глас.

Ксенија, сакам да знаеш дека постои некој кој во една точка од животот сфати многу работи, многу нешта остави зад себе и почна одново, а оттогаш, тој некој ти го чува грбот. Јас, тој некој сум јас.

Ти во својот свет си уште од малечка, со пишувањето, со уметноста, во светот од каде извира чиста наивност која се претвора во ранливост, а тоа те прави совршена мета.

Сето тоа ќе помине, а ќе останеш чиста, затоа и секогаш ќе имаш креативност во изобилие.

Во еден момент, тој твој свет ќе го срушат и ќе дојдат години кога ќе се чувствуваш како некој да ти го украл животот. И тоа ќе помине, ти ќе останеш чиста, затоа и ќе ги победиш, и нив и себе.

Ти си најсилна кога е најтешко, твојата ранливост не е слабост, како што многумина ќе помислат, ти чувствуваш со сите сетила и тоа е твоја вештина.

Ксенија, сакам да ти кажам уште нешто, овој живот е твој и тука си со причина, човек со нешто се раѓа, не ни е сѐ дадено, кругот можеш да го прекинеш и ќе го прекинеш, баш ти.

Ксенија, ќе има тешки години, а во еден момент ќе ме запознаеш мене и ќе сфатиш дека сето тоа што се случи, се случи за да се случам и јас. И тогаш, за нас ќе почне еден нов живот во кој главната улога ќе ти припадне тебе.

Ксенија, ти си дете на Бог, сакана си и чувана си, секогаш!

А јас драга моја, не само што те сакам, јас те почитувам, и ветувањата што ти ги давам тебе, од нив не отстапувам!

Ти ветив нешто подобро, ти ветив крај на хаосот, така и е, а допрва, допрва драга моја Ксенија доаѓа сето она што конечно си спремна да го прифатиш.

Ксенија, сѐ повеќе ќе дознаваш колку можеш.

Те сакам и сум ти најдобар другар“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коста Петров за паничните напади: „Во болница во Дубаи ми дадоа 2 валиума да ме смират, умирав некол... „Отидов на работа, се напив од кафето, отидов надвор да запалам цигара со кафето...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Mиа Костова објави фотка од татко му на Андрија, без да го покаже лицето - па се соочи со бизарни ко... „А колку ве има љубопитни и нервозни дека немате увид на кој личи Андрија... На ...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
„Ништо веќе не е исто“ - Сопругата на Кили објави фотка од него и зборови полни болка, 2 седмици по ... „Ништо веќе не е исто, сè е сменето за Јоана и мене тука во Еквадор, куќата е пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg