Коста Петров за паничните напади: „Во болница во Дубаи ми дадоа 2 валиума да ме смират, умирав неколкупати на ден“
- Детали
- вторник, 10 февруари 2026
„Отидов на работа, се напив од кафето, отидов надвор да запалам цигара со кафето, само вака, еден дим земав и следно се разбудив во болница во Дубаи. Како што ми трепери срцево, така ми вибрира и телово. И си викам, чекај, дали имам инфаркт?“, раскажа Коста Петров за еден од најсилните панични напади, а со кои се бори со години.

Нашиот писател, мотиватор и бизнисмен, Коста Петров, со години се бори со силни панични напади.
Тој често раскажува за состојбата со која се соочува, а која и после многу години му создава немир. Коста признава дека одел на сите можни лекари, а сепак не успеал да ги победи нападите.
На оваа тема, Петров зборуваше и во „Урок“, подкастот на Сергеј Варошлија, па кажа за еден од најстрашните моменти кои ги доживеал, кога мислел дека има инфаркт, а му се случил додека живееше и работеше во Дубаи.

За паничните напади, тој вели:
„Отидов на работа, се напив од кафето, отидов надвор да запалам цигара со кафето, само вака, еден дим земав и следно се разбудив во болница во Дубаи.
Во болница се будам, ама како што ми трепери срцево, така ми вибрира и телово. Значи, толку јако бијање на срцето, и само слушам докторот ми вика ‘Сега ќе ти дадеме два валиума, зашто не можеме да те смириме’.
И сега си викам, чекај, дали имам инфаркт? Немам поим што е. Се смирив и докторот ме тргна на страна. И јас ми викам: ‘Докторе, што е, стент ли ми ставивте, што се случува? Дали бев пред умирање?’
Вика, не, меѓутоа имаше многу, многу јак паничен напад.

И ден денес многу лекари викаат ‘Ништо бе, не се умира од тоа’.
Со тоа што, разликата е што јас кога имав панични напади, умирав по неколкупати на ден. Затоа што ти кога имаш паничен напад, ти ја имаш сензацијата на смрт. Дека е готово.
Никој не може тебе да ти каже дека ова не е реално. Ти умираш. Ти се збогуваш. Готово. Чао, пријатно“, вели Коста.

Сергеј го прашува дали ова му се случува во главата, и покрај тоа што е свесен дека има напад паничен и реалноста е поинаква.
А Коста продолжува да му објаснува низ што минувал:
„Ти свесен си. Ама сензацијата е толку јака, што ствано мислиш дека умираш.
Јас не можав да заспијам навечер. Јас не можав да заспијам навечер, што мислев дека ако ги затворам очите, јас утре нема да се разбудам.

И вака ќе земев слика од моите, од сите што ги сакам, и ќе ја ставев до мене, некако да се смирам, зашто викам ‘Леле сега ако умрам, бе јас, како ќе ми го носат мене телото од Дубаи во Македонија?
Како ќе ми се јават дома да им кажат ‘Син ви умре во Дубаи’?
Сега можеме ние да се смееме и може да ми кажеш тоа не е реално, ама во тој момент јас стварно мислев дека умирам“.

Кликнете за да го погледнете видеото:
Погледнете го целиот разговор на Сергеј Варошлија и Коста Петров:
https://www.youtube.com/live/0t4yNT9rrSM?si=kmdz7k7FEIy3lPXl
А. Ј. | Црнобело
