Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем
Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки – кои промени обично мислиме дека се предизвикани од вишок килограми, но можат да бидат знак за липедем?

Липедемот е состојба која предизвикува акумулирање на масни наслаги на долниот дел до телото.
Важно е да се направи разлика со лимфедем – состојба при која лимфниот систем не функционира правилно, поради што се јавуваат отоци на телото, најчесто на рацете и нозете.
Кај лицата со липедем, не се јавуваат отоци, туку се таложат масни наслаги. Токму поради ова, многумина кои ја имаат болеста мислат дека само се здебелиле и не се ни консултираат со лекар.
Липедемот најчесто се појавува кај жените, главно во периоди на хормонални промени, како пубертет, бременост или менопауза.
За разлика од дебелеењето, овие масни наслаги е многу тешко да се отстранат, а некогаш предизвикуваат и болка.
Кои се знаците дека можеби имате липедем?
Акумулирање масти само на долниот дел од телото
Ако се здебелите, тогаш ќе забележите масни наслаги на целото тело – стомакот, рацете, нозете, па и лицето и вратот.
Но, ако масните наслаги ви се таложат само на нозете и задникот, додека на горниот дел од телото не гледате никаква промена, тогаш може да станува збор за липедем.
Грутки од масти на нозете
Еден од главните симптом на липедем се мали грутки под кожата како целулит, кои не се секогаш видливи.
Но, можете да ги почувствувате ако нежно ја притиснете кожата каде што има повеќе масни наслаги.
Болка
Болката е мошне чест симптом на липедем. Обично зафатената област е болна и на нежен допир, а може да чувствувате и непријатно чувство.
Во некои случаи и самото движење може да предизвикува болка.
Модринки
Честата појава на модринки без никаква причина е чест симптом кај лицата со липедем.
Модринките можат да настанат и од многу нежен притисок.
Причина за нивната честа појава е тоа што зафатеното ткиво е многу понежно, а највидливи се на места каде што има најмногу масни наслаги.
Висната кожа
Виснатата кожа е уште еден симптом што може да се јави кај лицата со липедем, особено како што состојбата прогресира.
Ова се случува бидејќи акумулираните масни наслаги создаваат притисок на кожата и на сврзното ткиво.
Замор
Липедемата неретко е придружена и со екстрмен замор кој може да го отежни секојдневието.
Важно е да знаете дека не може да сами да си дијагностицирате ниту една болест, уште помалку да ја третирате на своја рака. Ако се сомневате дека имате липедем, тогаш треба да се консултирате со вашиот лекар.
Спирова С. | Црнобело
