Колку се опасни масните наслаги на стомакот (и кога да одите на лекар)?

Вишокот масни наслаги на стомакот обично значи и вишок висцерални масти – масно ткиво кое се формира околу органите. Ова ткиво ги штити органите, но настанува проблем кога ќе се наталожи многу.

kolku-se-opasni-masnite-naslagi-na-stomakot-i-koga-da-odite-na-lekar-01.jpg

Ако имате или некогаш сте имале проблем со вишокот килограми, тогаш добро знаете дека мастите најлесно се акумулираат во областа на стомакот.

Но, покрај мастите под кожата, може да се формираат и таканаречени висцерални масти.

Ова се всушност масни наслаги подлабоко во стомакот, кои се формираат околу органите како црниот дроб, цревата и желудникот.

Сосема нормално е да имате малку висцерални масти бидејќи ги штитат органите. Проблемот настанува кога ќе се наталожат многу.

kolku-se-opasni-masnite-naslagi-na-stomakot-i-koga-da-odite-na-lekar-5.jpg

Овие масти се невидливи, но штом имате вишок килограми и стомак, веројатно имате и поголемо количество висцерални масти.

И, ова е една од причините зошто прекумерната тежина, заедно со таложењето многу масти во областа на стомакот, претставува ризик по здравјето.

Кои се потенцијалните проблеми со здравјето што можат да ги предизвикаат висцералните масти?

Проблеми со срцето

Според истражувањата, има конекција помеѓу срцевите заболувања и големото количество висцерални масти.

На пример, истражување покажало дека жени кои имаат поширока половина во однос на нивните колкови се поизложени на ризик од проблеми со срцето.

kolku-se-opasni-masnite-naslagi-na-stomakot-i-koga-da-odite-na-lekar-02.JPG

Алцхајмерова болест

Друго истражување има покажано дека луѓето со многу масни наслаги на стомакот и многу висцерални масти имаат зголемен ризик од деменција, вклучително и Алцхајмерова болест.

Дијабетес тип 2

Големото количество висцерални масти е поврзано со отпорност на инсулин. Ова, пак, го зголемува ризикот од дијабетес тип 2.

kolku-se-opasni-masnite-naslagi-na-stomakot-i-koga-da-odite-na-lekar-4.JPG

Мозочен удар

Не е познато од каде потекнува оваа конекција, но истражувањата покажале дека луѓето со многу висцерални масти се поизложени на ризик од мозочен удар.

Висцералните масти го зголемуваат и ризикот од мозочен удар кај помлади луѓе.

Висок холестерол

Вишокот масти може да го зголеми и нивото на холестерол, поточно на „лошиот“ холестерол во крвта.

kolku-se-opasni-masnite-naslagi-na-stomakot-i-koga-da-odite-na-lekar-03.JPG

Кога треба да одите на лекар?

Ако имате проблеми со килажата или сте загрижени дека имате вишок висцерални масти, не губите ништо ако се консултирате со лекар.

Само лекар може да утврди дали имате вишок висцерални масти, па ако имате какви било грижи, закажете си преглед.

Прочитајте повеќе: Сите го имаме – вистината за салото околу стомакот и клучни чекори како најлесно да го стопите

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg