Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк?
Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да доведе до проблеми со срцето, појава на акни, па и дијабетес тип 2. Затоа, важно е да бидете умерени.

Повеќето ќе се согласат дека брзата храна неретко е и највкусна. Но, бидејќи ова обично е храна што е карактеризирана како „нездрава“, сепак треба да бидеме умерени.
Нема потреба да се откажете од пица, хамбургер или помфрит, но од друга страна вашето мени не треба да се состои само од ваква храна.
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза храна за секој оброк?
Дебелеење
Ова е промената што е најверојатно да ја забележите, особено ако не сте и физички активни.
Брзата храна обично содржи многу масти и шеќери, па ако не јадете ништо друго, брзо ќе забележите дека се дебелеете.
Дијабетес
Дијабетесот може да биде вроден, но дијабетесот тип 2 може да се развие и поради одредени животни навики. Овде спаѓа дебелината, како и консумирањето многу храна со масти и шеќери.
Добрите вести се дека овој тип дијабетес може да се регулира ако воведите промени во исхраната, односно намалите со брза храна и почнете да водите поздрав живот.
Зголемен крвен притисок
Мрсната и храната со многу сол има огромно влијание врз кардиоваскуларниот систем.
Токму и затоа на лицата кои имале инфаркт или проблеми со срцето им се препорачува да избегнуваат мрсна и солена храна.
Ако јадете само брза храна, ќе почнете да забележувате покачен крвен притисок, а долгорочно и посериозни проблеми со кардиоваскуларниот систем.

Зголемен ризик од артериосклероза
Артериосклерозата претставува затнување на крвните садови и може да биде предизвикана од јадење многу мрсна храна.
Доколку не се третира, може да доведе до сериозни проблеми, како инфаркт и мозочен удар.

Недостаток од витамини и минерали
За да функционира оптимално, на телото му се потребни низа витамини и минерали.
Па, кога се храните еднолично, односно внесувате само брза храна, нема да ги внесите потребните витамини и минерали. Ова, пак, може да предизвика бројни проблеми со здравјето.
Констипација
Начинот на исхрана има влијание и врз дигестивниот систем.
Брзата храна обично нема хранливи влакна, но има многу масти. Па, ако не јадете ништо друго, ќе се јават проблеми со дигестијата, особено констипација.
Акни и проблеми со кожата
Постојат многу причини за појава на акни – некогаш се хормони, но некогаш е и начинот на исхрана.
Ако сте немале проблеми со кожата, но во последно време забележувате промени, како акни, размислете дали можеби претерувате со брза храна.

Спирова С. | Црнобело
