4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите

Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, можете да добиете труење од храна.

4-prichini-zoshto-neredovnoto-mienje-race-e-poshtetno-otkolku-shto-mislite-01.jpg

Редовното миење раце е навика што секој треба да ја стекне уште од најрана возраст. И, постојат многу добри причини за ова.

Важно е да ги миеме рацете пред јадење, по одење во тоалет, откако ќе си дојдеме дома, но и секојпат кога ќе допреме нешто валкано.

Ако мислите дека нема ништо лошо да го прескокнете миењето во овие ситуации, се изложувате на ризик.

Па, што може да се случи ако го прескокнувате миењето раце?

Можете да се заразите со респираторна болест

Покрај настинка, од немиени раце можете да се заразите со цела палета вируси – коронавирус, грип, пневмонија…

Затоа важно е да ги измиете рацете секогаш кога доаѓате од надвор и сте допирале јавни површини.

Можете да добиете дијареја

Ако не ги миете рацете по одење во тоалет, особено ако сте биле на гости или во јавен тоалет, секогаш постои ризик да се заразите со нешто.

Тоалетите се преполни со бактерии, а ова важи и за вашиот бидејќи сигурно не го дезинфицирате по секоја употреба.

Па, ако не ги измиете рацете, лесно можете да се заразите со вирус или бактерија кои се пренесуваат преку измет, а обично овие вируси и бактерии предизвикуваат дијареја.

4-prichini-zoshto-neredovnoto-mienje-race-e-poshtetno-otkolku-shto-mislite-02.png

Можете да добиете труење со храна

Ако правите јадење со нечисти раце, сите бактерии може да завршат на храната. Па, вие или кој било што ќе ја јаде храната, може да добие некакво труење.

Ги ставате на ризик луѓето со послаб имунитет

Ако во домот имате бебе, постара личност или некој болен со ослабен имунитет, го ставате на ризик кога не ги миете рацете, особено кога ќе си дојдете дома или кога ќе излезете од тоалет.

Можеби вашиот организам ќе биде отпорен на бактериите и вирусите што ги имате на дланките, но за оние со слаб имунитет, и најобична настинка може да предизвика компликации.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg