Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите?

„Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би требало да се дружи со други деца“ – препорачуваат хрватските дерматолози, откако една девојка се пожали дека додека била на море заболела од „импетиго“ или „слатка краста“.

dobiv-infekcija-na-more-po-celo-telo-pochnaa-da-mi-se-shirat-krasti-vnimavajte-zarazno-e-01.jpg

Импетиго или „слатка краста“ е инфекција на кожата што е предизвикана од бактеријата Staphylococus. Најчесто се јавува кај малите деца или кај лицата со ослабен имунитет, но може да се јави и кај возрасните.

Една девојка од Сплит, за хрватските медиуми раскажува како заболела од оваа инфекција, а по неколку дена истата почнала да се шири и кај нејзините пријателки.

„Бев на одмор со пријателките и на плажата забележав мала црвена точка на усната.

Мислев дека е херпес, затоа што се случува често да ми се појави кога ќе ми падне имунитетот.

Но, по враќањето дома, таа точка почна да се шири и израсна во меурчиња со вода.

Ја дезинфицирав и се намачкав со маст за рани, но ништо не ми помагаше“ – вели таа.

dobiv-infekcija-na-more-po-celo-telo-pochnaa-da-mi-se-shirat-krasti-vnimavajte-zarazno-e-02.jpg

По посетата на лекар, било утврдено дека оваа девојка добила „слатка краста“, па веднаш ѝ биле препишани антибиотици и антибиотска маст.

dobiv-infekcija-na-more-po-celo-telo-pochnaa-da-mi-se-shirat-krasti-vnimavajte-zarazno-e-03.jpg

„Искрено не знам дали е од постелнината во апартманот, или од морето“ – вели таа и додава дека во болница ѝ рекле дека ова лето голем број луѓе им доаѓаат со истиот проблем.

„Јас имам красти на брадата и телото, друга пријателка има околу усната, третата има на грбот. Имам и покачена температура и сè ме чеша“.

dobiv-infekcija-na-more-po-celo-telo-pochnaa-da-mi-se-shirat-krasti-vnimavajte-zarazno-e-04.jpg

Дерматологот од Загреб Гордана Бубичиќ – Бајек за 24sata.hr вели дека годинава на територијата на Сплит е забележан голем број случаи кои заболеле од оваа болест.

Инфекцијата кај децата најчесто се јавува околу устата и носот, односно на лицето, но може да се јави и на другите делови на телото.

dobiv-infekcija-na-more-po-celo-telo-pochnaa-da-mi-se-shirat-krasti-vnimavajte-zarazno-e-05.jpg

Најпрво изгледа како ситни точки, по што се појавуваат меурчиња, а со оглед на тоа што децата постојано се чешаат, крастите брзо се пренесуваат и на другите делови на телото.

Докторката вели дека нема причина за страв, затоа што не станува збор за опасна болест, ниту пак за комплицирано лекување.

„Важно е лекувањето да се започне што е можно порано, штом ќе се појават меурчињата. Тогаш најчесто е доволно лекување со локална примена на антибиотската маст.

Во исклучителни случаи, кога болеста брзо ќе се прошири, се дава антибиотик орално и импетигото се повлекува за неколку дена“ – појаснува таа.

dobiv-infekcija-na-more-po-celo-telo-pochnaa-da-mi-se-shirat-krasti-vnimavajte-zarazno-e-07.jpg

Инаку, со цел да се спречи понатамошно ширење на болеста, пожелно е лицето или детето што боледува од импетиго да се изолира од другите.

Бактеријата многу лесно се шири во топли и влажни услови, а гребаниците или иритациите на кожата помагаат таа уште полесно да се рашири, затоа што на тој начин бактериите многу полесно навлегуваат во кожата.

dobiv-infekcija-na-more-po-celo-telo-pochnaa-da-mi-se-shirat-krasti-vnimavajte-zarazno-e-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg