Рог: Не знам кој ќе го запали пламенот

rog-ne-znam-koj-ke-go-zapali-plamenot

Организаторите на Олимписките игри во Лондон успешно ги кријат деталите од церемонијата на свеченото отворање.

Ни првиот човек на Меѓународниот олимписки комитет, Жак Рог, не знае кој ќе го запали олимпискиот оган.

Навистина и јас би сакал да знам кој ќе запали оганот, но тоа по се изгледа е најдобро чуваната тајна во Лондон“, рече Рог. Тој изрече низа пофалби на сметка на организаторите што успеале да ја сочуваат тајната.

Рог истакна дека би било добро олимпискиот оган да го запали некој од олимписките шампиони.

Како главни кандидати за палење на огнот се споменуваат веслачот Стив Редгрејв и атлетичарот Роџер Банистер.

27.07.2012 (Макфакс)

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Оној кој умее како да покажува и прифаќа добрина е подобар пријател од било кое богатство.
Софокле (496-406 пр.н.е.)