Протест на Индија поради мистериозната жена во црвено на чело на делегацијата

protest-na-indigo-poradi-misterioznata-zena-vo-crveno-na-celo-na-delegacijata-2

Олимпискиот комитет на Индија во неделата поднесе официјален протест до организаторите на Олимписките игри во Лондон 2012 откако на церемонијата на отворањето на чело на индиската делегација се појави „мистериозна жена во црвено“.

Индискиот олимписки тим на отворањето на Олимписките игри во Лондон, беше предводен од непозната жена облечена во црвено, пишува во неделата Times of India.

Неидентификуваната жена облечена во сини панталони и црвен блузон одеше веднаш до носителот на индиското знаме Сушил Кумар кој ја водеше екипата од 81 спортист, предизвикувајќи остра реакција кај индиските челници.

protest-na-indigo-poradi-misterioznata-zena-vo-crveno-na-celo-na-delegacijata-3

Не знаеме која е и зошто одеше до нас. Целиот случај е бизарен, но ќе бараме извинување од домаќинот. Непознатата жена не посрамоти пред целиот свет“, изјави шефот на идниската олимписка делегација во Лондон, Муралдхаран Раџа.

Цела Индија беше изненадена кога за време на директниот пренос од свеченото отворање на ХХХ Летни олимписки игри во Лондон до предводникот на индискиот национален тим, борачот Сушил Кумар, одеше непозната жена, судејќи според излгедот индијанка или латиноамериканка. Индиските спортисти беа облечени во жолти турбани на главите, сини јакни и бели панталони, а спортистките во жолти сари, додека непознатата беше облечена во светло црвен блузон и фармерки.

Според весникот, непознатата жена и се приклучила на делегацијата пред да излезе на стадионот. Спортистите помислиле дека жената е една од организаторите на дефилето, меѓутоа неочекувано при нивното стапнување на атлетската патека, таа застанала веднаш до знаменосецот, на чело на тимот. Непознатата жена беше многу насмеана и со раката им отпоздравуваше на гледачите на трибините.

protest-na-indigo-poradi-misterioznata-zena-vo-crveno-na-celo-na-delegacijata-4

Олимписки тим на Индија за време на преносот беше прикажан само околу десетина секунди, а сите камери беа насочени кон оваа чудна жена во црвено, која нема врска со тимот“, изјави за весникот предводиникот на индискиот олипмиски тим во Лондон, Муралидхаран Раџа.

Индискитe олимпијци сметаат дека ова претставува сериозно прекршување на безбедносните правила на спортските делегации, доклку непознати и неофицијални лица лесно може да се движат по стадионот и да им се приклувчуваат на тимовите.

Имаме намера да го поставиме ова прашање пред организаторите, Ние не знаеме која е таа, како и зошто неа и беше дозволено да мине крај обезбедување“, дополнува Раџа.

Индиските медиуми посветуваат голем простор на овој скандал, обидувајќи се да дознаат која е „непознатата во црвено“ и што претставува нејзиното појавување на чело на олимпискиот национален тим на Индија.

29.07.2012 (Макфакс)

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Битни се малите нешта кои ги правиме за другите - обична чаша вода или покажување малку добрина... Не е битно колку даваме, туку со колку љубов тоа го правиме.
Мајка Тереза (1910-1997)