Од што се изработени олимписките медали?

od-sto-se-izraboteni-olimpiskite-medali

Последниот златен олимписки медал што бил направен од злато е доделен во 1912 година. Па, ако златните олимписки медали не се златни, тогаш од што се направени.

Специфичната композиција и дизајн на олимписките медали се строго одредени од комитетот на градот домаќин, но сепак некои правила мора да се запазат.

Златните и сребрените медали се направени од 92,5 отсто сребро.
Златните медали мора да бидат позлатени со најмалку 6 грама злато.

Сите олимписки медли мора да се најмалку 3 мм дебели и најмалку 60 мм во дијаметар.
Бронзените медали се направени од бронза, и прелеани со бакар.

Не секогаш се доделувале златни, сребрени и бронзени медали.

Во 1896 година, победниците на Игрите биле наградувани со сребрени медали, додека второпласираните добивале бронза.

Победниците во 1900 година на Олимписките игри добивале трофеи и пехари, а не медали,

Обичајот да се доделуваат златни, сребрени и бронзени медали почнало во 1904 година.

По 1912 година златните медали почнале да се прават од сребро и само да бидат позлатувани.

Значи, Олимписките медали се повеќе сребрени од златни, но има и медали кои се направени од чисто злато, како Конгренсиот Златен медал и Нобеловиот медал.

Пред 1980 година, медалот за Нобеловата награда беше изработуван од 23 каратно злато, а поновите се од 18 каратно злато, позлатени со 24-каратно злато.

29.07.2012 (Макфакс)

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
За да станеш шампион, бори се уште една рунда.
Џејмс Џ. Корбет (1866-1933)