Организаторите на Олимпијадата го истражуваат случајот „празни места“

organizatorite-na-olimpijadata-go-istrazuvaat-slucajot-prazni-mesta

Организаторите на Олимписките игри во Лондон 2012 ќе започнат истрага за скандалот поврзан со празни седишта на трибините.

Стотици седишта во саботата и во неделата претпладне останаа празни за време на одржувањето на натпреварите во одбојка на плажа, гимнастика и пливање.

Организациониот комитет на лондонските Игри (LOCOG) ќе спроведе целосна истрага за она што се случи“, уверува британскиот министер за култура, медиуми и спорт, Џереми Хант.

Се разбира, ние многу се срамиме од она што се случи, и ќе направиме сѐ што е во наша моќ за да го исполниме стадионите. Веруваме дека тоа се акредитирани места, кои беа наменети за спонзорите, но ако тие не продолжат да ги користат, ние би сакале овие билети да бидат дадени на оние што ги посакуваат, затоа што гледачите се тие што треба да ја создадат празничната атмосфера. Ова прашање мора итно да биде одговорено“, додава Хант во изјавата за Reuters.

30.07.2012 (Макфакс)

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Не можете да откриете нови земји без да се согласите да не го видите брегот многу долго време.
Андре Жид (1869-1951)