Над два милиони гледачи во првите три дена на Олимпијадата

nad-dva-milioni-gledaci-vo-prvite-tri-dena-na-olimpijadata

Повеќе од два милиони гледачи ги гледале во живо натпреварите во првите три дена на Олимписките игри во Лондон, објавија организаторите на најголемиот спортски форум.

Околу 856.000 навивачи, вклучувајќи ги и гледачите на фудбалските натпревари и околу 500.000 други лица, ја гледале велосипедската трка во машка конкуренција во саботата.

Дополнителни 900.000 гледале различни натпревари во неделата, соопштија организаторите од LOCOG.

Во понеделникот, кога немаше натпревари, трките ги гледале околу 370.000 посетители.

Организаторите на Игрите во Лондон изјавија дека многу официјални лица, кои биле акредитирани за Олимпијадата, не се јавиле и поради тоа останале празни места.

Меѓународните спортски организации вратиле околу 3.800 билети кои биле пуштени во продажба во понеделникот, додаваат организаторите на 30-те Летни Олимписки игри.

31.07.2012 (Макфакс)

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Кога ќе се најдеш во тесно, и сé е против тебе, и кога изгледа дека нема да можеш да издржиш ни минута повеќе, никогаш не се предавај зошто токму на тоа место и во тој миг ќе почнат да се менуваат работите.
Хариет Бичер Стоу (1811-1896)