Што вели науката на Усеин Болт?

sto-veli-naukata-za-usein-bolt

Усеин Болт е најбрзиот човек на светот. Претрча 100 метри за 9.63 секунди и постави нов олимписки рекорд. Но, како го прави ова?

Научниците мислат дека се во прашање неколку клучни фактори: обликот на телото, силата на мускулите, релативната должина на нозете, петите и прстите, како и фино прилагодениот нервен систем кој управува со сето ова. Судејќи по биостатичарот Алан Невил, професор на Универзитетот во Волверхамптон, спринтерот во иднина ќе станува се послаб и повисок.

Во последните десет години, профилот на спринтерите се променил. Сите се повисоки и витки, а причината би можела да биде должината на нивните чекори. Долгиот чекор носи предност во средната и последната фаза на трките, кога тркачите ја постигнуваат најголемата брзина и потоа мора да ја задржат истата. Краткиот чекор е подобар во првата фаза кога тркачот треба да забрза до својата максимална брзина, но Болт овој недостаток го надокнадува со снагата. Болт, висок 196cm, е речиси 10cm повисок од конкуренцијата, а и неговите чекори се подолги, што значи дка тој мора да направи само 41 чекор, а неговите соперници 44.

Некои истражувања покажале и дека црниот атлетичар со западноафриканско потекло има мускулни влакна кои се стегаат побрзо од просечно, но и побрзо се исцрпуваат. Тоа значи дека се добри на кратки стази. Исто така, научниците откриле дека постои варијанта на генот ACTN3 кој го зголемува ефектот на овие мускулни влакна. Лошата вест за сите оние кои сакаат да станат спринтери е што овие предности се исклучиво генетски и не можат да се стекнат. Најдобрите спринтери имаат исто така и Ахилова тетива и подолги прсти, со оглед на својата висина, заради подобро забрзување.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Подобро да веруваш и да бидеш разочаран, и да ја одболуваш таа доверба и тоа разочарување, отколку да се сомневаш во нечие срце, кое, ако си му верувал, би било благословено со вистинска верба.
Франсис Ен Кембл