Викенд: Тиквешко езеро

vikend-predlog-tikvesko-ezero-povekjeВо нашата Македонија има многу места кои вреди и треба да се видат, но Рената од Кавадарци ни препорачува нешто во близина на нејзиниот роден...


...град – Тиквешкото езеро. Тиквешкото Езеро се наоѓа на неколку километри од Кавадарци. Најголемо вештачко езеро во Македонија со 28.5km, а просечната широчина е 500m.

Температурата на Тиквешкото езеро е 24 степени Целзиусови што го прави погодно во летниот период за различни видови на спортови,и за капење.

Но, тоа не е единственото нешто кое може да го правите во овој крај. Тиквешкото езеро изобилува со флора и фауна, со најразлични видови на слатководни риби и птици. Најзастапени риби се: крап, сом, клен, костреш па затоа е честа дестинација на љубителите на риболовот.

За европската јавност примамливи се и крупните грабливи птици кои вооедно спаѓаат во светски и европски реткости.

На крабрежјето на Тиквешкото езеро се наоѓаат повеќе од 1.500 викенд куќи, а специфичнии и посебно атрактивни се оние до кои се патува со чамче.

Па ако се размислувате да поминете викенд на Тиквешкото езеро, наполнете ги торбите со храна и воопшто не се двоумите, затоа што има многу што да се види и прави.

vikend-predlog-tikvesko-ezero-1

vikend-predlog-tikvesko-ezero-2

vikend-predlog-tikvesko-ezero-4

vikend-predlog-tikvesko-ezero-3

И благодариме на Рената Давчевска за нејзиниот предлог.

Вие во секое време можете да ни праќате ваши статии со предлози за места кои вредат да се посетат во Македонија како и фотографии од истите на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Би можело да ве интересира:

Практичен водич за деловни патувања: Што да понесете и како да се спакувате? Облеката што ќе ја понесете зависи од должината на патувањето. Но, за тридневно ...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
5 најавтентични места во Истанбул за да се напиете турски чај Без разлика дали сте љубители на чај или едноставно сте љубопитни за културата н...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
8 најубави плажи во Хрватска за одмор со мали деца На кои плажи во Хрватска морето е најчисто, плитко, а има и голем број активност...
Ресорт направен како реплика на Санторини е хит во Кина (фото+видео) Во кинеската провинција Јунан, има ресорт кој е како реплика на Санторини, а бид...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Ја чувствуваме како што ја чувствуваме топлината на крвта, ја дишеме како што го вдишуваме воздухот, ја носиме во себе како што ги носиме нашите мисли... таа е состојба која не може да се искаже, а се пишува со пет букви...
Ги Де Мопасан (1850-1893)