Мудра приказна: Тимски дух

Еден ден човекот имал можност да поразговара со Бог, па го прашал: „Господе ќе ми биде големо задоволство да дознаам како изгледаат Пеколот и Рајот?‘‘

mudra-prikazna-timski-duh-001.jpg

Бог го однел човекот до две врати. Отворил една од двете врати и му дозволил да погледне внатре. На средина од собата, стоела голема тркалезна маса. На средина на масата имало голема чинија со многу вкусна свежа храна.

Човекот осетил како му надоаѓа плунка во устата...

Луѓето кои седеле околу масата биле претерано слаби, со виолетов тен и болен изглед. Сите изгледале изгладнето. Имале лажици со многу долги рачки кои биле прицврстени на нивните раце. Сите можеле да ја дофатат храната во чинијата и да земат малку, но бидејќи рачката била подолга од нивните раце, не можеле да ја стават храната во својата уста.

Човекот се стресол при самата глетка на нивниот јад и нивната жалост.

Бог на тоа му рекол: „Само што го виде Пеколот.

Потоа Бог и човекот се упатиле кон втората врата. Бог ја отворил и втората врата. Глетката која човекот ја видел била идентична на претходната. Имало голема тркалезна маса, на неа чинија преполна со вкусна храна, која повторно му донела плунка во устата.

Луѓето околу масата исто имале лажици со долги рачки, само овој пат тие биле добро нахранети и среќни и си разговарале меѓусебно задоволно насмевнувајќи се...

Човекот му рекол на Бога: „Не разбирам?

Едноставо е – рекол Бог. Сè е поврзано со една вештина. Овие научија да се хранат едни со други, додека оние другите не мислат на ништо друго освен на сами себе.“

Би можело да ве интересира:

Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
2-ри мај и денес ме потсетува на излет, скара и денот кога го запознав Ричард Гир на Водно Се сеќавате дека до пред 15-тина години Денот на трудот се празнуваше на 1-ви и ...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Луѓето ќе ви зборуваат за вашето дете, но не ги слушајте... Јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а пот...
„Го пронајдов стариот дневник за готвење на мојата баба – пиварки, орасници, торта со ореви“  Порано вкусот на тестото кое било испечено во старата печка на дрва, ореви...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Движи се самоуверено во насоката на своите соништа! Живеј го животот што си го замислил.
Хенри Дејвид Торо (1817-1862)