Се бара: маж што готви!

se-bara-maz-sto-gotvi-povekjeМажите кои знаат да готват, денес навистина се бројат на прсти. Иако најдобрите готвачи се мажи, модерните момци никако да го прифатат...


...фактот дека кујната може да биде во нивни раце.

Зошто секој вистински маж во 21 век треба да ги научи барем основните тајни на готвењето?

se-bara-maz-sto-gotvi

1. Жените обожаваат мажи кои готват. Не постои жена која може да остане имуна на маж кој и подготвил вкусна вечера. Старата изрека дека љубовта доаѓа од желудникот и понатаму останува точна и применлива.

2. Вештите мажи се атрактивни. Знаете да поправите автомобил, да уловите риба со рака, да препознаете офсајд мижечки. Тоа е супер. Па зарем не треба да научите и како да не умрете од глад кога нема да имате женска особа во непосредна близина?

3. Ќе заштедите пари. Хранењето надвор е многу помалку исплатливо отколку да си готвите дома.

4. Побрзо е отколку да јадете надвор. Штом ќе се извежбате за неколку јадења, ќе сфатите дека готвењето е побрзо отколку да одите до фаст фуд и да чекате ред и 15 минути додека се испече тоа што сте го нарачале. Со гаранција е и поздраво.

5. Може и да загубите некој килограм. Наспроти традиционалните верувања дека маж под 100 кила не е маж – не е баш така. Со квалитетна домашна храна може да изгубите тежина, да ја подобрите крвната слика и да се чувствувате поздраво и подобро.

6. Постои добра шанса да уживате додека готвите. Со тек на време може навистина да се пронајдете себе си. Колку само ќе биде среќна и вашата партнерка. Нема по секси од згоден маж со кецела кој подготвува романтична вечера за саканата.

Познавате ваков?

Би можело да ве интересира:

Ситуации од секојдневието што ни се познати на сите, низ забавни илустрации Два часа бараме филм за гледање, за да се успиеме пет минути откако ќе го пуштим...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
Докторка од САД мами воздишки со мускулестото тело: „Некои ме критикуваат, но не ги слушам“ Честопати добива коментари дека не е примерно докторка да изгледа вака, но Стејс...
Се продаваат по илјадници долари за килограм, а некои луѓе не можат да ги поднесат - Зошто тартуфите... За да ги купите треба да потрошите вистинско богатство, а некои луѓе воопшто и н...
Најемотивното запросување на светот: Побарал дозвола од татко ѝ пред да почине, идната невеста тргон... „Тоа е тоа. Капа доле, ова е најубаво запросување на светот“, се само дел од ком...
22 илустрации кои ќе ве потсетат на убавата страна на животот Кажете добар збор, помогнете некому, поддржете, насмеете, кажете некому дека е с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Нема друг пат до успехот освен оној преку јасна и цврста цел. Ништо не може да ја замени. Целта е вечниот предуслов на успехот.
Теодор Мангер