Зошто, колку често и како правилно да го исчистите тостерот?

Трошките и другите остатоци со текот на времето може да се насоберат во тостерот, зголемувајќи го ризикот од пожар. Редовното чистење помага да се отстранат овие остатоци.

kolku-chesto-i-kako-pravilno-da-go-ischistite-tosterot-01.jpg

Редовното чистење на тостерот е важно за сочувување на неговиот животен век и за спречување на потенцијални опасности.

Овој процес е лесен и нема да ви одземе многу време, а во продолжение откријте на кој начин треба да се грижите за вашиот тостер.

Зошто е важно да го чистите тостерот?

Одржувањето на тостерот нуди неколку предности, а главните придобивки од тоа вклучуваат:

Спречување на опасност од пожар. Трошките и другите остатоци со текот на времето може да се насоберат во тостерот, зголемувајќи го ризикот од пожар.

Редовното чистење помага да се отстранат овие остатоци.

Продолжување на неговиот животен век. Чистиот тостер има помала веројатност да развие проблеми како што е нерамномерно загревање или механички дефекти.

Со правилна и навремена грижа, може да го продолжите неговиот животен век.

Ќе ви обезбеди подобар вкус. Дали некогаш сте забележале чуден, загорен вкус во вашата храна? Ова може да се должи на наталожени остатоци од храна во тостерот.

Редовното чистење помага во одржување на добар вкус на вашето лепче.

kolku-chesto-i-kako-pravilno-da-go-ischistite-tosterot-02.jpg

Колку често треба да го чистите тостерот?

Што се однесува до тоа колку редовно треба да го чистите тостерот, тоа зависи од тоа колку често го користите.

Ако го користите секојдневно или повеќепати на ден, тогаш треба да го чистите еднаш неделно.

За повремена употреба (неколку пати неделно), чистењето на секои две недели ќе биде доволно.

Ако го користите ретко, тогаш чистењето може да ви биде и еднаш месечно.

Пред да пристапите со чистење на вашиот тостер, прв и најважен чекор е да го исклучите апаратот од струја и да го оставите да се излади, ако сте го користеле неодамна.

Потоа, отстранете ја фиоката и решетките за трошки и нежно пребришете.

Исто така, чистењето на внатрешноста на тостерот е од клучно значење. Започнете со држење на тостерот наопаку, над мијалникот или корпата за отпадоци.

Нежно протресете за да се отстранат трошките кои се заглавени. Исто така може да користите и четка за потемелно чистење, како што е четка за печива или стара четка за заби со меки влакна.

Вметнете ја четката во отворите на тостерот и нежно движете ја наоколу за да ги отстраните преостанатите трошки, а притоа внимавајте да не ги оштетите грејните елементи.

Четкајте во сите правци, за да ги отстраните и другите остатоци од внатрешноста.

kolku-chesto-i-kako-pravilno-da-go-ischistite-tosterot-03.jpg

Како да се грижите за надворешната површина на тостерот?

Исто така, не заборавајте да го исчистите и надворешниот дел на вашиот тостер. Започнете со нежно бришење на надворешната површина со влажна крпа или мек сунѓер.

Ако наидете на тврдокорни остатоци или дамки, тогаш обидете се со паста од сода бикарбона и вода.

Нанесете ја на зафатената област и оставете ја да постои околу 15-тина минути. Потоа избришете со влажна и чиста крпа. Исто така може да користите и бел оцет.

Секогаш избегнувајте абразивни сунѓери или алатки за чистење кои може да ја изгребат површината. Наместо тоа, одлучете се за микрофибер или други меки крпи.

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...
7 грешки со кои (несвесно) го намалувате животниот век на апаратите за домаќинство Ставате фолија во рерната за да ја заштитите од храната што капе и да на мора да...
Совети за чистење и одржување на мебелот од ратан, кој е хит за тераса и двор Погрижете се добро да го исушите мебелот за да спречите оштетување од ...
Облека и работи во домот што ги уништувате ако ги перете многу често За разлика од спортскиот градник за вежбање и костимот за капење, обичниот градн...
Ситници поради кои бањата ви изгледа хаотично (а гостите ги забележуваат) Валкан сад за сапун, луфа закачена на чешмата и стара подлога на подот – кои сит...
8 трикови со кои кујната нема да биде во хаос откако ќе завршите со готвење Однапред извадете ги сите состојки и сите садови што ќе ги користите, а штом ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg