Што знаеме за бремената убавица, која наводно е причината за развод на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер?

Со сопругот од кој има две деца нема ниту една фотка, но Инстаграм профилот ѝ е преплавен со фотки со Бастијан, заради кои изгледа како да е опседната со него - која е згодната спортска новинарка, за која се шпекулира дека е љубовница на Швајншајгер и причина за неговиот развод со Ана Ивановиќ?

shto-znaeme-za-bremenata-ubavica-koja-navodno-e-prichinata-za-razvod-na-ana-ivanovikj-i-bastijan-shvajnshtajger-01.jpg

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер решија да стават крај на бракот кој траеше од 2016-та година, во кој добија три деца, а веста први ја споделија германските медиуми, кои дознале од свои извори.

Иако изгледаа како да живеат бајка и дека се еден од најусогласените парови, сепак нивната љубов не издржа. 

И покрај тоа што двајцата се немаа огласено за вестите, а неговиот портпарол вели дека тие не планираат да коментираат за приватниот живот, германските медиуми постојано пишуваат за нив, па дури и за можната причина за нивна разделба.

Тие кренаа прашина околу колешката на Швајнштајгер, спортската новинарка Естер Седлачек.

Веќе подолг период се шпекулира за нивната хемија и можен флерт, со оглед на тоа што постојано соработуваат и се дружат на спортски настани, а таа објавува многу фотки со него на социјалните мрежи.

Гласините уште повеќе се разгореа, бидејќи германската убавица е бремена, но на социјалните мрежи и во јавноста не покажува ништо од семејниот живот и од партнерот, a првата фотка од трудничкото стомаче ја сподели при крајот на март 2025. 

Иако нема никакви докази кои може да укажуваат дека гласини се вистина, сепак нивните заеднички моменти и споделени фотки кои делуваат како таа да е опседната со него, ги поттикнуваат уште повеќе фановите да коментираат. 

Што знаеме за неа?

Естер Седлачек е топ ТВ ѕвезда во Германија, која изградила импресивна кариера во спортското новинарство, а родена е на 24 ноември 1985 година, во Берлин.

Таа работи за мрежата ARD, каде често гостин по фудбалски натпревари ѝ е токму Бастијан, со кого има многу близок и опуштен однос, дури и пред камери.

Пред да стигне до тоа, таа имала тежок живот во младоста, а пораснала без татко.

Работела како наставничка по англиски јазик во Шри Ланка и имала неколку новинарски помали соработки пред да стигне до големата сцена.

Во својата кариера, досега таа покривала многу спортски настани на телевизија, како Бундеслига, но се појави и како водител на програмата за Светското првенство vo 2022, заедно со Бастијан Швајнштајгер.

Повеќе за нивниот флерт прочитајте на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...

Најчитани неделава