Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака – и таа ме чекала толку на моите турнири“
- Детали
- недела, 06 јули 2025
„Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопинг одам со неа, затоа што таа ме чекала мене 10 часа на турнирите. Без Мирка покрај мене, ништо од ова немаше да биде возможно“ – изјавите на Федерер во кои тој ја возвишува сопругата Мирка допираат длабоко и поставуваат високи стандарди за идеален сопруг.

Го напушти професионалниот тенис во 2022, по половина век доминација и голем број сингл титули, а сега ужива во животот со семејството и се занимава со други проекти и работни ангажмани.
Иако многу работи во текот на неговиот живот и кариера се променија, една работа остана константа во овие години – тоа е неговата љубов, сопругата Мирка.

Таа е негова најголема поддршка, која била со него и кога немал ниту една титула и бил никој и ништо, а останала со него и кога ги освоил сите титули.
Во 2017-та, кога освои титула на Australian Open, тенисерот ги даде заслугите на неговата поддршка број 1 и рече:
„Мирка беше со мене кога немав ниту една титула, и уште е тука 89 титули подоцна, така што таа има голема улога во мојата победа.
Таа го знае тоа, јас го знам тоа, сите го знаат. Таа е мајка број 1 и сопруга, а потоа доаѓа и улогата на поддржувач“.

За време на неговиот последен меч во 2022, неговите деца, но и целиот свет, сведочеа на овој историски момент, кога тој во солзи се држеше до Мирка, која беше неговата карпа низ сите моменти во животот и кариерата.
„Без Мирка покрај мене, ништо од ова немаше да биде возможно“ – изјави тој.

Федерер не пропушта прилика да ја возвиши неговата сопруга и јавно да ѝ ја искаже неговата љубов, но и благодарност која ја има за неа.
На социјалните мрежи последниве месеци кружи негова изјава, за која нема точен извор каде првично ја кажал, па се верува дека е неформално изјавена, а се споделува како инспиративна приказна за неговата љубов.

Дури и канадската тенисерка Еугени Бушард ја сподели приказната и се пошегува дека секој треба да си најде таков сопруг.
Изјавата која се споделува гласи:
„Kога сме на одмор, сакам да си ги смениме улогите. Тогаш таа е центарот на вниманието. Тогаш правам сè што ќе посака.
Ако сака да оди на шопинг 10 часа, јас одам со неа, затоа што таа ме чекала мене по 10 часа на турнирите.

Кога сме заедно, се трудам да ѝ го направам денот пријатен, за да биде среќна. Не може таа секогаш да дава без да добие за возврат“.
Иако не е познато кога и каде го изјавил ова, многумина во коментари го фалат и веруваат дека ова се негови зборови, со оглед на тоа што никогаш не пропуштил да каже нешто добро за својата сакана.
Сега, откако е во пензија од професионалниот тенис, тој ужива во можноста сам да си го организира времето и да си го прави распоредот, така што на прво место ги става семејството, неговата сопруга Мирка и четирите деца, како што кажа во интервју за Vogue во 2024.

Инаку, Роџер и Мирка се запознале во младоста додека двајцата го играле спортот што најмногу го сакаат – тенис, на Олимписките игри во 2000-та.
На последниот ден во Олимпиското село тие се бакнале, а Федерер за овој момент, во 2019-та има изјавено: „Тоа беше повеќе од само бакнеж, претпоставувам. Беше нешто што донесе до нешто неверојатно за нас. Уште сме многу среќни“.

Потоа тајно се гледале 2 години, пред да ја потврдат романсата јавно во 2002, а подоцна истата година Мирка се пензионира од тенисот заради повреда, но и за да му биде најголема поддршка на сопругот.
Во брак се од 2009-та и заедно имаат 4 деца.
Прочитајте и Таа се откажа од кариерата за тој да успее – Како Федерер ја возвишува неговата сопруга Мирка, која е „оперирана“ од комплекси?
Повеќе нови фотографии oд парот, кои Роџер ги споделува на Инстаграм:
М. М. | Црнобело
