Таа се откажа од кариерата за тој да успее – Како Федерер ја возвишува неговата сопруга Мирка, која е „оперирана“ од комплекси?

Кога ја запознал, лажел дека е повозрасен за да ја бакне, а сега вели дека се чувствува ужасно кога таа не е до него - Роџер Федерер искрен за тоа колку му значи сопругата, која се откажа од својата кариера за него и е позната по својот скромен стил со што руши стереотипи. 

taa-se-otkazza-od-karierata-za-toj-da-uspee-kako-federer-ja-vozvishuva-negovata-sopruga-mirka-koja-e-operirana-od-kompleksi-001.jpg

Федерер годинава се врати на теренот по две операции на коленото, но, како што вели, сè било уште потешко затоа што овојпат со него не биле сопругата Мирка, и неговите четири деца. Роџер и Мирка имаат два пара близнаци: Мајла и Шарлен (11) и Лео и Лени (7). 

„Ужасно е кога Мирка не е до мене. Кога не сум со нив, тоа не е добро“ – рече Федерер.

Federer-mojata-mirka-e-moshne-silna-zena-uzzasno-e-shto-na-turnirite-taa-i-decata-ne-bea-so-mene-02.jpg

Тој вели дека кога треба да биде на турнири подалеку од семејството се чувствува ужасно. Напоменува дека ги користи сите технолошки можности за што е можно повеќе да биде во контакт со семејството:

„Им се јавувам по трипати дневно и се слушам со Мирка за да се осигурам дека сè е во ред дома. Мирка е прекрасна. Секогаш го трга товарот од моите плеќи, таа е мошне силна жена – таа е најдобрата. Но, не е убаво кога не е со мене“ – вели Федерер.

Taa-se-otkazza-od-karierata-za-toj-da-uspee-kako-federer-ja-vozvishuva-negovata-sopruga-Mirka-koja-e-operirana-od-02.jpg

Она што најтешко му паѓало за време на двата последни турнири е тоа што постојано му било здодевно. Особено затоа што кога се со семејството најчесто одат во прошетки и времето го поминуваат заедно.

„Одам до рецепција и потоа се враќам до хотелската соба. Тоа ми е најголемата забава во денот“ – изјави тој поразено.

Како што вели, поради новите ригорозни мерки заради пандемијата, тој нема проблем постојано да биде во карантин, но смета дека тоа нема да биде добро за неговите 4 деца. Тој веќе најави дека нема да присуствува на Олимпијадата во Токио поради повторна повреда на коленото.

Federer-mojata-mirka-e-moshne-silna-zena-uzzasno-e-shto-na-turnirite-taa-i-decata-ne-bea-so-mene-05.jpg

Инаку, Мирка Федерер често е тема во медиумите поради тоа што е сосема различна од другите сопруги на светски познатите спортисти.

За неа се знае дека се откажала од сопствената тениска кариера за да му биде целосна поддршка на сопругот. Таа честопати знае да каже дека преку сопругот ја живее и сопствената кариера.

„Таа постојано ми даваше поддршка. Беше извонредно како се откажа од тенисот и повеќе не погледна назад. Откако јас победив на Вимблдон и станав играчот што сум сега, таа ми рече: ‘Знаеш што, подобро ќе ти помагам да имаш одлична кариера, отколку јас да имам кариера’“ – рече Роџер претходно за неа.

Мирка повеќепати била мета на критики поради стилот на облекување. Во минатото се случувало фотографите да ја „уловат“ во бикини на плажа, но, таа во повеќе наврати знаела да покаже колку е јака моќта на самодовербата и дека нема намера да се менува.

Taa-se-otkazza-od-karierata-za-toj-da-uspee-kako-federer-ja-vozvishuva-negovata-sopruga-Mirka-koja-e-operirana-od-kompleksi-03.jpg

Мирка е во брак е со Роџер од 2009 година и заедно имаат 4 деца. Се венчале на интимна свадбена церемонија во Базел, Швајцарија, родниот град на Федерер.

Federer-mojata-mirka-e-moshne-silna-zena-uzzasno-e-shto-na-turnirite-taa-i-decata-ne-bea-so-mene-06.jpg

Прочитајте и Федерер и Мирка се заедно 19 години, но таа има тајна која вешто ја криела и од него и од јавноста

Инаку, Роџер (39) е три години помал од Мирка (43), па кога се запознале на Олимписките игри во 2000-тата година, Роџер веднаш се вљубил во неа, па лажел дека е повозрасен за да биде со неа.

Како што претходно говореше Роџер, меѓу него и Мирка имало хемија за време на Олимпијадата од 2000-тата година, а еден од учесниците на Олимпијадата го охрабрувал да ја бакне.

Мирка на почетокот била мошне скептична за неговата возраст, па Роџер морал да ја лаже дека е повозрасен.

„Ми рече дека сум многу млад кога ме бакна. Се обидов да ѝ кажам дека имам 18 и пол години, па да се направам неколку месеци повозрасен“ – откри во една прилика Роџер.

Taa-se-otkazza-od-karierata-za-toj-da-uspee-kako-federer-ja-vozvishuva-negovata-sopruga-Mirka-koja-e-operirana-od-04.jpg

Како и да е, Роџер во повеќе наврати досега говорел дека семејството му е главна поддршка во кариерата и дека каде и да оди, со себе секогаш ќе го носи семејството, иако за жал тоа беше спречено за време на последните два турнири.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Живее во дрвен бунгалов, не може да најде девојка – Што знаеме за Карлос Алкарaз, момчето што го поб... Татко му сакал да биде тенисер, но немал доволно финансии, па затоа станал трене...
Ретки семејни фотки: Новак Ѓоковиќ ја бакнува сопругата и ги прегрнува децата, по историската победа... Новак и Јелена Ѓоковиќ скоро никогаш не позираат со децата во јавност, но го пре...
Новак Ѓоковиќ по поразот низ солзи му се обрати на синот Стефан: „Мило ми е што си тука и се смееш“ „Драго ми е што мојот син е и понатаму овде и што се смее“ – рече Новак Ѓоковиќ ...
Договара повисока плата, вербално се пресметува заради него – Која е Фајза Ламари, мајката на Мбапе? Се кара со мајките на соиграчите на трибините, ги уценува клубовите за повисоки ...
Нема приватен авион, кога може се вози со велосипед на турнири – На што ги троши Новак Ѓоковиќ парит... Има колекција од скапи автомобили, но кога може, на натпреварите оди со велосипе...
„За мојот народ“ - Македонецот Горјан Славески е новиот светски шампион во борби без ракавици Македонскиот боксер Горјан Гого Славески е новиот светски шампион во борби без р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg