Љубов каква што ретко постои: Мајкл Даглас (81) и Кетрин З. Џонс (56) се гледаат вљубено и по 25 години брак
- Детали
- среда, 01 октомври 2025
Тој е 25 години постар од неа, во брак се исто така 25 години, а се трудат да изгледаат младешки и вљубено како на почетокот – Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс имаат љубов каква што секој може да посака, а новите фотки на кои играат голф се доказ дека годините не се пречка да уживаат.

Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена беа забележани на настан во Шкотска каде играа голф и изгледаа повљубено од кога било.
81-годишниот актер уште се труди да биде заводник како некогаш, ја гледа вљубено 25 години помладата сопруга, ја пргрнува и ја носи кон себе, па новите фотки брзо станаа хит.

Двајцата облечени во тегет комбинации со бејзбол капчиња, изгледаат фит и делува како да уживаат во љубовта и заедничките активности, а годините ниту возрасната разлика не им се никаква пречка.


Инаку, неодамна, на 25 септември, парот прослави заеднички роденден, бидејќи се родени на истиот датум, но со 25 години разлика.
По тој повод двајцата објавија фотки од нив на Инстаграм и си напишаа кратка честитка.
Прочитајте и „Успеавме да не се убиеме“ - Кетрин Зита Џонс ја откри тајната на бракот со 25 години постариот Мајкл Даглас (80), кој трае четврт век
Повеќе фотки од голф натпреварот на парот:






Повеќе за нивната љубов: Го оставила кога дознала дека добил рак од орален секс - Факти за бракот на Кетрин Зита Џонс и Мајкл Даглас
M. M. | Црнобело
