„Успеавме да не се убиеме“ - Кетрин Зита Џонс ја откри тајната на бракот со 25 години постариот Мајкл Даглас (80), кој трае четврт век
- Детали
- сабота, 09 август 2025
„Ни велеа дека нема да траеме долго поради разликата во возраста. Но ете, во овие 25 години успеавме да не се убиеме, иако мислам дека Мајкл сигурно пробал неколкупати“, рече неодамна Кетрин Зита Џонс, а потоа ја откри и тајната на среќниот брак со сопругот, кој е 25 години постар од неа.
Кетрин Зита Џонс (55) и Мајкл Даглас (80) овој ноември ќе прослават четврт век во брак.
Тие важат за еден од најскладните холивудски парови и покрај големата разлика во години меѓу нив и сите предизвици што го имаа во минатото.

Па така, на премиерата на втората сезона од серијата Wednesday во Лондон, Кетрин Зита Џонс, одговараше на прашања и за својата љубов со славниот актер.

Таа, откри е, според неа е тајната на нивниот долг брак, а кој го склучија во ноември 2000-та година.
„Ни велеа дека нема да трае долго поради разликата во возраста. Но ете, во овие 25 години успеавме да не се убиеме, иако мислам дека Мајкл сигурно пробал неколкупати“, рече таа на шега.

Актерката смета дека постои една работа што ги држи заедно сите овие години - и не само заедно туку во љубов и среќни еден со друг.
„Мислам дека и двајцата ќе го кажеме истото - нашите деца се нашето најголемо достигнување. Тие се навистина прекрасни - тоа е нашата тајна“, кажа таа.

