„Успеавме да не се убиеме“ - Кетрин Зита Џонс ја откри тајната на бракот со 25 години постариот Мајкл Даглас (80), кој трае четврт век
Кетрин и Мајкл имаат две деца - синот Дилан (24) и ќерка Карис (22), а Даглас има и син, Камерон (46), од претходниот брак.
„Сега кога децата го напуштија семејното гнездо, повторно наоѓаме нова радост еден во друг“, додала актерката.

Парот се запозна во 1998 година, откако Мајкл ја видел Кетрин во филмот The Mask of Zorro, па го замолил својот ПР агент да ги запознае.
Меѓу нив веднаш се појавиле искри, а забавно им било и тоа што се родени на ист ден, но со 25 години разлика.

Се свршиле кон крајот на 1999 година, а се венчале на 18 ноември 2000-та.
И покрај тоа низ годините имале бројни предизвици, особено кога Мајкл призна дека има рак на јазикот кој го добил од орален секс со жена која имала ХПВ, а Кетрин била лута што тој во својата изјава не кажал дека тоа се случило пред да се запознаат, наместо сите да веруваат дека ја изневерувал.

И покрај тоа, но и покрај нејзината борба со биполарното растројство, поради кое Кетрин трипати беше на лекување, тие ги надминаа пречките ѝ останаа заедно.

Сега, според Кетрин, веќе планираат голема забава за да ја прослават 25-годишнината.
„Мислам дека ќе имаме прослава околу празниците, подготвуваме нешто големо“, рекла таа.

А. Ј. | Црнобело
