Го оставила кога дознала дека добил рак од орален секс - Факти за бракот на Кетрин Зита Џонс (52) и Мајкл Даглас (77)
- Детали
- четврток, 18 ноември 2021
Кетрин била во институција каде се лекувала од биполарно нарушување, го има оставено Мајкл кога дознала дека добил рак на јазик поради орален секс, но повторно се смириле – факти за парот кој руши бариери со возрасната разлика од 25 години и ужива во среќен брак.
Мајкл Даглас (77) и Кетрин Зита Џонс (52) и покрај големата генерациска разлика од 25 години се во согласен брак веќе 21 година.
Сепак не одеше сè како подмачкано, а во еден период дури и се разделија откако Мајкл даде изјава за ракот на јазикот, што ја натера Кетрин да го напушти.
Своевремено нивната врска беше мошне често топ-тема во медиумите, но Кетрин Зита Џонс и Мајкл Даглас ги надминаа сите предизвици.
Кетрин неодамна во интервју говореше за тоа кои се тајните за нивниот успешен брак. Како што рече, и тие имале свои подеми и падови, но и покрај големиот број коментари на скептиците на почетокот на нивната врска, сега и по 21 година сè уште се заедно.
„Мојот сопруг е 25 години повозрасен од мене, тоа не е тајна… Но она што е постојано се љубовта и почитта. Никогаш не сме ја изгубиле смислата за хумор и уживаме во меѓусебното друштво“ – вели Кетрин.
Во продолжение неколку интересни факти за нивната врска што можеби не сте ги знаеле:
Кетрин и Мајкл се венчаа во 2000-та година и заедно имаат две деца: синот Дилан (21) и ќерката Карис (18).
Иако и двајцата имаа успешни холивудски кариери, сепак, одлучија да се посветат на одгледувањето на нивните деца, па долг период живееја на Бермуда.
Во 2010-та година на Мајкл му бил дијагностициран рак на грлото во четврт стадиум. Сепак, актерот во 2011-та година успеал во целост да се избори со болеста.
Во 2013-та година Мајкл јавно говореше за својата борба со канцерот, па призна дека заболел поради орален секс, кога се заразил со HPV вирусот. Наводно Кетрин била мошне лута заради тоа што актерот не кажал дека го добил вирусот пред да стапи во брак со неа, па тоа ја натерало да се раздели од него.
Додека биле разделени Мајкл не ја извадил бурмата, затоа што бил уверен дека нивната љубов ќе победи, а како што рече, им било потребно само малку време за да го изградат и да поработат на сопствениот брак.
Уште неколку интересни факти за бракот на славниот холивудски пар на следната страна...
Би можело да ве интересира:





