Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра

На централниот плоштад во стариот град нè изненадија цените на пијалаците. Аперол во ресторан или бар беше меѓу 5 и 7 евра, а пиво меѓу 3 и 5.

Но, ако наместо да седнете во локалот, решите да купите алкохол „за носење“ во еден од околните мини барови, цените се многу пониски.

Па така, пиво има и за 1,5 и 2 евра, а Аперолот е само 3,5 евра, што е поевтино отколку кај нас.

bev-na-odmor-vo-bari-pivo-kje-najdete-i-za-1-5-evra-no-i-komplet-lezhalki-za-42-evra-142.jpg

bev-na-odmor-vo-bari-pivo-kje-najdete-i-za-1-5-evra-no-i-komplet-lezhalki-za-42-evra-15.jpg

Кафето, во цела Пулија, чини скоро исто - еспресо е 1,5 евра, капучино 3. Но, ако им побарате мраз во кафето, зашто сакате да се разладите по долгата прошетка на сонце, ќе ве погледнат со прекор, како да сте ги навредиле смртно.

Скоро секој локал има и „услужна такса“, која е од 50 центи до две евра по човек, а која ќе ја добиете со сметката (па не треба да оставате бакшиш).

bev-na-odmor-vo-bari-pivo-kje-najdete-i-za-1-5-evra-no-i-komplet-lezhalki-za-42-evra-144.jpg

bev-na-odmor-vo-bari-pivo-kje-najdete-i-za-1-5-evra-no-i-komplet-lezhalki-za-42-evra-30.jpg

Плажите во Пулија се приказна за себе. Иако не се најубавите на коишто сум била, сепак се симпатични и имаат душа.

Градската плажа во Бари нема лежалки за изнајмување, но ни природна сенка, а ни водата не беше многу чиста, па решивме да не одиме вторпат.

Од друга страна, плажата во Трани, гратче на околу 40km од Бари, е песочна и долга.

Едната половина е со лежалки, а изнајмувањето 2 лежалки со чадор за сонце чини 42 евра.

Затоа, се решивме за подобрата опција - на самата плажа од еден чичко си купивме чадор за сонце за 13 евра, а пред заминување го оставивме во апартманот, за некои следни туристи кои ќе дојдат после нас.

bev-na-odmor-vo-bari-pivo-kje-najdete-i-za-1-5-evra-no-i-komplet-lezhalki-za-42-evra-17.jpg

bev-na-odmor-vo-bari-pivo-kje-najdete-i-za-1-5-evra-no-i-komplet-lezhalki-za-42-evra-13_copy.jpg

Деновите во Пулија ги комбиниравме - одевме малку на плажа, а потоа на прошетка низ некој нов град, за да ги видиме сите убавини на регионот.

Почнавме од Трани. Ова гратче има слатко пристаниште, импресивна катедрала, прекрасен градски парк и интересен замок, но и зајдисонце од кое запира здивот.

Тука го јадевме и највкусното џелато (а чинеше меѓу 2,5 и 3,5 евра).

bev-na-odmor-vo-bari-pivo-kje-najdete-i-za-1-5-evra-no-i-komplet-lezhalki-za-42-evra-23.jpg

bev-na-odmor-vo-bari-pivo-kje-najdete-i-za-1-5-evra-no-i-komplet-lezhalki-za-42-evra-22.jpg

Вкусно џелато имаше и во Монополи, мало гратче со многу душа.

Кога пред заминувањето од Италија зборувавме за тоа што ни се допаднало најмногу, моите пријатели беа едногласни - Монополи!

Секоја уличка таму е приказна за себе и прикажува дел од историјата на градот.

bev-na-odmor-vo-bari-pivo-kje-najdete-i-za-1-5-evra-no-i-komplet-lezhalki-za-42-evra-38.jpg

bev-na-odmor-vo-bari-pivo-kje-najdete-i-za-1-5-evra-no-i-komplet-lezhalki-za-42-evra-34.jpg

А во Монополи имав и забавна ситуација која не се случува често. Шетајќи по пристаништето, од спротивната страна здогледав девојка облечена во ист фустан како мојот, која доаѓаше во наш правец.

Брендот што го носев беше италијански (а фустанот купен кај нас) и иако не требаше да ме чуди, ми стана смешно кога меѓу илјадниците луѓе со кои се разминавме, наидов на некој што е облечен исто како јас.

Додека се приближувавме една кон друга, сфатив дека сите што беа со неа зјапаат во мене, како што и ние гледавме во неа. Се разминавме со насмевка.

„Уште гледа наваму“, ми рече еден од другарите, иако групата веќе нè одмина.

Се завртев и кога видов дека таа е свртена накај мене, ѝ викнав: „Сакаш да се сликаме?“

Застанавме една покрај друга, па продолживме да се смееме. Освен што имавме ист фустан, двете носевме рамни сандали и плетени чанти во истиот стил.

bev-na-odmor-vo-bari-pivo-kje-najdete-i-za-1-5-evra-no-i-komplet-lezhalki-za-42-evra-36.jpg

bev-na-odmor-vo-bari-pivo-kje-najdete-i-za-1-5-evra-no-i-komplet-lezhalki-za-42-evra-109.jpg

А стилот на локалците во овој дел од државата не може да се спореди со оној во големите градови и центрите на мода на северот од земјата.

Луѓето на југот се посиромашни отколку во другите делови од земјата, па ретко ќе видите некој да е облечен по најнова мода, во скапи дизајнерски парчиња.

Но, она што ми беше премногу чудно е што повеќето девојки носеа чизми (најчесто каубојки) во комбинација со куси панталончиња и здолништа.

И тоа не модели од минатата зима, туку од колекциите пролет-лето, а се продаваа за 35 до 45 евра. 

bev-na-odmor-vo-bari-pivo-kje-najdete-i-za-1-5-evra-no-i-komplet-lezhalki-za-42-evra-128.jpg

bev-na-odmor-vo-bari-pivo-kje-najdete-i-za-1-5-evra-no-i-komplet-lezhalki-za-42-evra-126.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Велешанката Стефани го посети Бразил: „Лежалките на Копакабана се бесплатни, во Рио е поевтино откол... „Во Рио резервиравме хостел, кој беше на околу 3 минути пешки од Копакабана...
Бетика, Ледената Македонка за посетата на Занзибар и Кенија: „Секаде патував сама и се чувствував бе... „Запознав многу локалци во Занзибар, им се восхитував на позитивната енергија шт...
Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg