Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод“

„Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрена природа, чистотата, создаваат таков душевен мир и е своевидно уникатно доживување“ – раскажува за CRNOBELO.com Анета Копачева, една од ретките Македонки што имала можност да го посети овој остров.

aneta-za-posetata-na-grenland-vo-avgust-temperaturite-se-od-10-do-12-stepeni-od-eden-do-drug-grad-se-patuva-so-brod-01.jpg

Колкумина Македонци можат да се пофалат дека имале можност да го посетат островот Гренланд? Анета Копачева е една од ретките која заради работата на брод имала можност да стапне на овој далечен остров во Северноледениот Океан и да види што има таму.

Анета (39) по потекло од струмичко Босилово, но во последните 20 години живее во Скопје. Таа е фармацевтски техничар, дипломиран педагог и во моментов ги привршува студиите за QA Software Testing.

За неа интересно е тоа што речиси 11 години работела на брод, па во овој период имала можност да посети голем број земји и многу егзотични локации. Меѓу ваквите ретки локации е и островот Гренланд.

Како изгледа островот, што има да се види таму, што е она што остава најголем впечаток?

Анета ги споделува своите впечатоци и фотографиите од посетата на овој остров за читателите на CRNOBELO.com.

aneta-za-posetata-na-grenland-vo-avgust-temperaturite-se-od-10-do-12-stepeni-od-eden-do-drug-grad-se-patuva-so-brod-02.jpg

Проследете го целото интервју во продолжение:

Колку време работеше на брод и можеш ли да ни кажеш колку земји досега си посетила? Кои се некои од најегзотичните дестинации што си можела да ги видиш?

На работа на брод тргнав во декември 2012 година, а официјално се збогував со бродскиот живот во октомври минатата година.

Досега имам посетено 63 земји, што не е „цел свет“, како што велат моите пријатели.

На брод работев на позиција youth staff за Royal Caribbean International, во детски клуб со деца на возраст од 6 месеци до 17 години.

За мојата позиција постоеше опција после завршен трет договор да правиме барања со три опции за следен брод.

Таа опција беше дозволена само доколку имате висока оценка од претходниот менаџер и секако, добро поведение (без црни точки на досие, како што викам јас).

За среќа јас имав добиено и Хуманитарна награда од еден капетан за волонтирање како Care Team Associate, тоа е помагање на гости што се погодени од несреќа за време на одморот, па мора да бидат испратени на најблиското копно, во болница, и јас ги придружував како претставник на компанијата, ги водев сите логистики за нивно успешно испраќање дома после заздравување и пружав емоционална поддршка на погодените лица.

Со ова задоволително досие, јас секогаш поднесував барања за три опции за следен брод и секогаш избирав бродови што одат на места кај што не сум била.

Премногу сум среќна и благодарна, што секогаш добивав една од тие опции и така успеав да видам многу места.

Како најинтересни места што се понедостапни, за наш стандард, а што ги посетив, ќе ги издвојам: Јапонија, Кина, Австралија, Нов Зеланд, Брунеи, Тајван, Индонезија, Малезија, Виетнам, Камбоџа, Тајланд, Хаваи, Бора Бора, Фиџи, Алјаска, Mystery Island во Вануату.

aneta-za-posetata-na-grenland-vo-avgust-temperaturite-se-od-10-do-12-stepeni-od-eden-do-drug-grad-se-patuva-so-brod-03.jpg

Иако постои стереотипно верување дека сите што работат на брод сакаат сонце – вода – плажа, јас не сум една од тие.

Јас сакам шуми, планина и постудени предели и помалку гужви.

Моја најомилена дестинација се сите Скандинавски земји и Алјаска. Од целата флота бродови, само еден брод годишно (и тоа не секоја година), го посетува Гренланд и верувајте, тој беше најтежок за добивање.

Си ставив себеси за цел, кога ќе го добијам баш тој, тоа ќе биде и последниот договор, бидејќи со посетата на Гренланд сакав да ја завршам оваа бродска приказна.

aneta-za-posetata-na-grenland-vo-avgust-temperaturite-se-od-10-do-12-stepeni-od-eden-do-drug-grad-se-patuva-so-brod-04.jpg

Кога беше твојата посета на Гренланд? Кои беа твоите први впечатоци кога стигна на островот?

Да, го посетив Гренланд во Август минатата година. Бродот имаше на распоред посета на 3 различни гратчиња: Квакорток, Нук и Нанорталик.

Знаете дека на брод се работи турбо, и не секогаш имаш време во распоред да излезеш надвор и да го видиш местото што го посетуваш, ама јас имав прекрасен менаџер кој знаеше дека го чекам овој момент 10 години па се погрижи да ми даде слободно време во сите овие три места.

Ако нешто можам да ви кажам што ми беше највозбудлив дел од сите овие патешествија е тоа дека ништо, апсолутно ништо, не го заменува чувството како кога ќе видиш ново место за првпат.

Првата посета беше на Квакорток. Станав рано да го дочекам пристигнувањето и можете да ја замислите возбудата.

Имав читано доста и знаев што да очекувам, мало гратче со само 3.600 жители кое се смета за најголем град во Јужен Гренланд.

aneta-za-posetata-na-grenland-vo-avgust-temperaturite-se-od-10-do-12-stepeni-od-eden-do-drug-grad-se-patuva-so-brod-06.jpg

Премногу куќи и мали згради, сите во различни бои, мирно и тивко местенце.

Меѓутоа, пред официјално да се закотвиме тука, имавме феноменална можност да испловиме околу огромен глечер во водениот премин познат како Prince Christian Sound, или и како Ikerasassuaq.

Глечерот што го видовме овде имаше неверојатни ледени формации и искрено, имам видено доста глечери во Алјаска, ама овој беше најмасивен досега.

Бродот пловеше со мала брзина да даде опција на патниците и екипажот да се восхитуваат на оваа убавина и нормално да се фотографира.

aneta-za-posetata-na-grenland-vo-avgust-temperaturite-se-od-10-do-12-stepeni-od-eden-do-drug-grad-se-patuva-so-brod-07.jpg

Имаше ли голем број туристи на островот во периодот кога беше таму? Лесно ли се наоѓа сместување?

Единствените туристи што можеа да се забележат беа патниците од бродот, и дел од екипажот.

Буквално ги изодев пеш сите овие места, Нук како главен град беше најголем со 15.000 жители и тука забележав неколку сместувачки капацитети, во Квакорток не забележав ниту еден, ама наводно има два, а во Нанорталик видов само еден хотел кој искрено делуваше малку запуштено, но нудеше бесплатен интернет за тие што ќе дојдат да купат кафе, така што, очекувано, многу членови од екипажот беа тука.

aneta-za-posetata-na-grenland-vo-avgust-temperaturite-se-od-10-do-12-stepeni-od-eden-do-drug-grad-se-patuva-so-brod-09.jpg

Што е она што најмногу ти остави впечаток на островот? Има ли нешто што мора да се види таму?

Гренландските градови Квакорток, Нук и Нанорталик им нудат на посетителите спокојно бегство од брзиот живот и нудат неверојатни пејзажи на шарени куќи, величествени фјордови, нерамни планини и недопрени води, каде што мирниот амбиент и природната убавина создаваат длабоко чувство на спокојство и поврзаност со природата.

Во Квакорток имаат доста скулптури и изгравирани камења дел од инсталација наречена Stone and Man, и заедно со каменитите ритчиња креира шармантна и мирна атмосфера.

Нук, главниот град на Гренланд, го комбинира модерното со традициите, поставени на драматична природна позадина која промовира бавно, мирно темпо на живот.

aneta-za-posetata-na-grenland-vo-avgust-temperaturite-se-od-10-do-12-stepeni-od-eden-do-drug-grad-se-patuva-so-brod-08.jpg

Ова беше единствен град каде што имаше колку-толку развиен сообраќај, и високи модерни современи згради.

Нанорталик, со својот амбиент, нуди длабок мир среде нерамен терен и импресивни фјордови.

Можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, иако, може да се забележат неколку мали музеи што ја раскажуваат нивната култура, но самата недопрена природа, чистотата, создаваат таков душевен мир и е своевидно уникатно доживување за мене.

aneta-za-posetata-na-grenland-vo-avgust-temperaturite-se-od-10-do-12-stepeni-od-eden-do-drug-grad-se-patuva-so-brod-26.jpg

Која активност секогаш им ја препорачуваат на туристите, што мора да се види?

Она што се нудеше од страна на тимот за екскурзии на бродот беа истражување т.е крстарења со помали бротчиња околу околните фјордови и глечери со можност да се видат китови и фоки и ледени брегови;

Уметнички и културни прошетки за откривање на богатата историја на островот преку уметнички инсталации на отворено и историски места, вклучувајќи ја и познатата скулптура во Квакорток, Stone and Man;

aneta-za-posetata-na-grenland-vo-avgust-temperaturite-se-od-10-do-12-stepeni-od-eden-do-drug-grad-se-patuva-so-brod-11.jpg

Посета на музеи и културни центри, пешачење и екскурзии во природа, искачувања на повисоки предели кои нудат преубав панорамски поглед.

Исто така имаше екскурзија која нудеше посета на локални домови со посета на локалното население, кое ве пречекува како гости, ви готви гренландска кујна и ви зборува за обичаите, и за таа конкретно се пријавив, ама, немаше место, бидејќи беше најпопуларната меѓу гостите, а беа формирани многу мали групи за неа.

aneta-za-posetata-na-grenland-vo-avgust-temperaturite-se-od-10-do-12-stepeni-od-eden-do-drug-grad-se-patuva-so-brod-15.jpg

Имаше ли нешто што не ти се допадна и ти остави неубав впечаток?

Вака, ако сте некој што бара возбуда, екстремизам и адреналински активности, можеби ова нема да ви биде најдобриот избор.

Меѓутоа ако сте понаклонети на истражување, и не ви смета што нема гужви апсолутно никаде, и сакате да се воодушевувате на чиста и недопрена (читај: неуништена) природа и малку поригиден пејзаж, со езерца и водопатчиња и топли, пријатни и гостопримливи луѓе, тогаш топло препорачувам да го посетите, плус ќе бидете дел од 3% вкупна светска популација што стапнала таму.

aneta-za-posetata-na-grenland-vo-avgust-temperaturite-se-od-10-do-12-stepeni-od-eden-do-drug-grad-se-patuva-so-brod-14.jpg

Мене се ми се допадна, мирот, тишината, безбедноста што се чувствува, пречистиот воздух, имаат и добро кафенце, увозно се разбира.

Единствено што ми фалеше да видам е дрвја/шуми. Тука е најголемата иронија со името, дека не е многу зелен островот, единствената зеленкаста боја што може да се види се некои мали грмушки и мовта што ги покрива карпите и камењата.

aneta-za-posetata-na-grenland-vo-avgust-temperaturite-se-od-10-do-12-stepeni-od-eden-do-drug-grad-se-patuva-so-brod-10.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Битолчанката Дивна 13 години работи на брод: „Од аниматор за деца стигнав до директор на одделот, Ма... „Со оглед дека во Македонија беше тешко да се добие работна позиција по завршува...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Марија Стамболиќ за патувањето во Јапонија: „Мажи во костуми на полноќ играат Покемон и пијат виски ... „Во Јапонија не беше културно да се зборува во метро и исто така телефоните мора...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg