Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра

На градот кој мене ме воодушеви најмногу, ни денес не можам да му го изговорам името од прва.

Полињано а Маре остава без здив - стариот град завршува на висока карпа во која удираат морските бранови, па ми личеше на место нацртано во некој анимиран филм.

Додека седев на карпа и го гледав, имав впечаток дека од морето ќе исплива Ариел.

Малата градска плажа со камења е омилена и на локалците и на туристите, а и покрај тоа што нема многу простор, секогаш ќе се најде местенце за пешкир, барем да седнете, ако веќе не можете да легнете и да се сончате.

bev-na-odmor-vo-bari-pivo-kje-najdete-i-za-1-5-evra-no-i-komplet-lezhalki-za-42-evra-141.jpg

bev-na-odmor-vo-bari-pivo-kje-najdete-i-za-1-5-evra-no-i-komplet-lezhalki-za-42-evra-70.jpg

Но, патувањето не беше и без разочарувања. Со месеци го исчекував денот кога ќе го посетам Арбелобело и во живо ќе ги видам куќичките познати под името трули, кои се заштитени од УНЕСКО како светско културно наследство.

Иако се импресивни, можеби поради преголемите очекувања не бев воодушевена.

Она што го видов на фотографиите делува моќно, а во реалноста, се соочив со големи турканици и стотици туристи кои шетаат по уличките и едвај чекаат да се подрасчисти гужвата за да се фотографираат.

И покрај моето мини разочарување, сепак мора да го видите Арбелобело ако еден ден одите во Пулија.

bev-na-odmor-vo-bari-pivo-kje-najdete-i-za-1-5-evra-no-i-komplet-lezhalki-za-42-evra-145.jpg

bev-na-odmor-vo-bari-pivo-kje-najdete-i-za-1-5-evra-no-i-komplet-lezhalki-za-42-evra-113.jpg

За разлика од него, сивата Матера, најстариот град во Италија и еден од најстарите постојано населени градови во светот, блескаше на сонцето.

Некои од деловите од градот можеби ќе ги препознаете како локации каде што се снимани No Time to Die, филм од серијалот за тајниот агент 007, и Wonderwoman.

Луѓето во овој град долго време живееле во пештери, а потоа изградиле домови кои имале по само една соба и каде што во исто време живееле и тие, но и добитокот што го чувале.

Денес овие стари куќи се претворени во хотелчиња, ресторани, кафулиња, но и покрај тоа го задржале духот на минатото.

Независно од која страна и да се приближите до стариот град, пред вас ќе се распостеле глетката на стотици стари градби кои се издигнуваат една над друга, а зад нив стојат пештерите, како потсетници на едно древно доба.

А околу стариот град е модерниот дел од Матера, широките улици и модерните градби, но и кафулињата во кои освен силно кафе ќе најдете и вкусно турамису.

bev-na-odmor-vo-bari-pivo-kje-najdete-i-za-1-5-evra-no-i-komplet-lezhalki-za-42-evra-74.jpg

bev-na-odmor-vo-bari-pivo-kje-najdete-i-za-1-5-evra-no-i-komplet-lezhalki-za-42-evra-73.jpg

Освен овие големи туристички атракции, го посетивме и рибарското селце Тора е Маре и гратчињата Мартина Франка и Локоротрондо, кои, како и сè останато во Италија имаат некој посебен шарм.

bev-na-odmor-vo-bari-pivo-kje-najdete-i-za-1-5-evra-no-i-komplet-lezhalki-za-42-evra-50.jpg

bev-na-odmor-vo-bari-pivo-kje-najdete-i-za-1-5-evra-no-i-komplet-lezhalki-za-42-evra-92.jpg

Покрај целата оваа убавина, најверојатно за брзо ќе заборавиме на непријатноста што ја доживеавме на една пумпа. Скоро секаде пумпите за гориво функционираат по принципот на самопослужување.

Па, освен што треба сами да си наточите гориво (цената е повисока ако ви точи вработениот на пумпата), треба и да платите на апаратот за наплата пред да почнете да ставате гориво.

Решивме да платиме со картичка. Го наполнивме резервоарот, а сметката беше околу 45 евра.

Неколку часа подоцна забележавме дека од банката стигнало известување дека од сметката се повлечени цели 150 евра.

bev-na-odmor-vo-bari-pivo-kje-najdete-i-za-1-5-evra-no-i-komplet-lezhalki-za-42-evra-93.jpg

bev-na-odmor-vo-bari-pivo-kje-najdete-i-za-1-5-evra-no-i-komplet-lezhalki-za-42-evra-86.jpg

Сакавме да се вратиме на пумпата, да се објаснуваме и караме со Италијанците кои и не зборуваат премногу англиски. Но, бидејќи беше доцна, решивме да отидеме следното утро.

„Слушајте, не сме единствените на кои им се случило истото. Многу луѓе имале слично искуство на италијанските пумпи, ама велат дека ќе ни ги вратат парите.

Изгледа преку местата за наплата од картичката повлекуваат одредена сума пари, а после кога ќе се прикаже вистинскиот трошок, остатокот од парите се враќа на сметка“, рече другарот, кој, освен што ни ги купи авионските билети, беше „олеснет“ за преку 100 евра.

Разликата во парите ја вратија на сметка по само два дена, па ако се најдете во слична ситуација, не паничете, никој не ви ја злоупотребил картичката (како што мислевме). Или, за да немате нервози, платете со кеш.

bev-na-odmor-vo-bari-pivo-kje-najdete-i-za-1-5-evra-no-i-komplet-lezhalki-za-42-evra-124.jpg

bev-na-odmor-vo-bari-pivo-kje-najdete-i-za-1-5-evra-no-i-komplet-lezhalki-za-42-evra-55.jpg

Да не заборавам - осумте дена со Италија се погрижија и за мојата нова линија. После сите оние италијански специјалитети, пици, сендвичи со секакви „мевценца“ и салатки, кроасани со ф’стак и џелато, среќна сум што не качив уште повеќе килограми.

П.С. Уште еднаш сфатив дека Негрони ми се допаѓа повеќе од Аперол. Чиарс, до следното патување.

Повеќе фотографии во галеријата:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело / фото: С. Н., Д. С.



Би можело да ве интересира:

Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Велешанката Стефани го посети Бразил: „Лежалките на Копакабана се бесплатни, во Рио е поевтино откол... „Во Рио резервиравме хостел, кој беше на околу 3 минути пешки од Копакабана...
Бетика, Ледената Македонка за посетата на Занзибар и Кенија: „Секаде патував сама и се чувствував бе... „Запознав многу локалци во Занзибар, им се восхитував на позитивната енергија шт...
Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg