На одмор со Виктор Апостоловски: „Бевме ‘пензионерски’ во Неа Рода на третиот крак, на 20m од плажа - кафе имаше за 1 евро“
- Детали
- среда, 01 јули 2026
„Неа Рода е одлично место за одмор со дете, пензионерско скроз! Има шеталиште, ресторанчиња и бич-барови, ама не многу, нема гужви (барем во јуни) и е одлично за семеен одмор. Морето е чисто, температурата е тамам! Плажите се празни и има простор да си се 'постелиш'“, вели Виктор за CRNOBELO.com, кој беше на прво летување со синот.

Музичарот Виктор Апостоловски и неговата сопруга Милена, во декември 2025 станаа родители, па годинава првпат беа на летување со својот син Адам.
Поради бебето, кое во моментов има 7 месеци, за летувањето избраа мирно место, селцето Неа Рода, кое се наоѓа на третиот крак во Грција.

Виктор, за CRNOBELO.com вели дека првпат се таму, но дека местото им се допаднало многу, па најверојатно ќе го посетат и во иднина.
И за разлика од претходните заеднички летувања, кога многу шетаа, патуваа, одеа на разни плажи, се хранеа во таверни и излегуваа навечер, Милена и Виктор годинава уживаа во мирниот ‘пензионерски’ одмор.

За првото летување со мало бебе, Виктор ни раскажа:
„За разлика од претходните години, кога ни беше битно местото да е убаво, да е што подалеку, да има што да се види и доживее, оваа година го баравме токму спротивното.
Мало, мирно место, без гужви, без галама, да не е сред сезона, да не е познато кај нашите.
И така нашата истрага нè однесе во Неа Рода, мало селце на третиот крак на Халкидики.

Првпат одиме таму, арно ама толку ни беше раат, што е можно да го посетиме пак, иако обично не сакаме да се повторуваме со местата за одмор.
Ова беше баш одмор-одмор: тројцата оптегнати, пензионерски, милина!
