Роби, Сашо и Кети за камперските авантури: „Кампување на диво е рај, Ситонија е магична - инвестиравме во кампери“
Заспиваш и се будиш со звуците на природата. Имам една моја изрека: кога ќе заспиеш, ти не знаеш дали спиеш на земја или на кревет од илјада евра.
Изборот дали кога ќе се разбудиш ќе гледаш во скапите плочки од апартманот или во природата е на нас.

Инаку, највеќе ми се допаѓа уживањето во дестинацијата каде што сум отишол со таа намера.
Подготовката на кампот за таа намена не е тешка и не одзема време. Се паркираш, отвараш тенда, столици, маса и 90% си спремен.


Инаку, кога зборуваме за готвење и миење, опремен сум исто како дома: со вода, фрижидер, шпорет на плин, надворешна туш-кабина, соларни панели за струја и сè друго потребно.
За зимски услови, нормално, со вебасто греење, така што функционираме со сопругата како дома.

До забраната во Грција, како моја најчеста дестинација, одевме на диво по локации и користев „Park4Night“ апликација, сега заменивме со кампови, поради ригорозните мерки кај јужниот сосед.

Инаку, најубаво диво кампување ми е на Ситонија, на вториот крак.
Изобилува со диви плажи и локации до морето и е рај за кампување.

Инаку, предноста на дивото кампување за разлика од организирани кампови е огромна.
Друго е кога сам си на некоја локација и го чувствуваш мирот и убавината за која си дошол, а не гужвите по камповите и вревата.


Сепак, истражувам доста пред да се упатам во некој камп. Гледам да е мал и да има локации за приватност и да има правила за однесување што се однесува на буката и мирот.