Емилија Масларковска-Каневче, туристички водич: „Не сум сретнала странец кој не е воодушевен од Македонија, но и кој не е измамен од диви таксисти“

Како изгледа една тура низ Македонија?

Веќе подолги години има стандардна тура која ја работам, трае 8 дена – 7 ноќи, а ги вклучува Скопје, Кањонот Матка, Охрид, Свети Наум, Битола. Би сакала да надополнам и истакнам дека турите на барање се различни и зависат од побарувањата на самите групи, градовите кои сакаат да ги посетат, регионите кои имаат желба да ги видат.

Што најмногу им се допаѓа на странците во Македонија, а што не?

Од мое лично искуство, можам слободно да кажам дека нема тура – без разлика во кој дел на Македонија е посетата или престојот, а странците да не се воодушевени од опкружувањето, историјата, храната… единствено се чудат, како на толку историја што имаме (а и повеќе од доволно се запознаени со истата пред нивно пристигнување), не вложуваме доволно во истражувања на локалитетите кои се делумно познати за странците, па и домашното население, инфраструктурата до нив (само како пример би ги споменала Овче Поле и геоглифот, Тумба Маџари, Скупи, Таор, Аквадуктот)…

Туку, вршиме промоцијата на веќе добро познатото наше културното наследство во светот и само понекогаш на нешто ново, но не во континуитет.

emilija-maslarkovska-kanevche-turisticki-vodich-dosega-ne-sum-sretnala-stranec-koj-ne-e-voodusheven-od-makedonija-i-koj-ne-e-izmamen-od-divi-taksisiti-10.jpg

Како ние, Македонците, се однесуваме кон туристите?

Ние сме секогаш одлични домаќини, љубезни, тоа е исто така нешто кое го забележуваат веднаш кај нас. Обожавам да им кажам дека тоа ни е во генот.

Најмногу поплаки, морам да споменам, имаат кон дивите таксисти кои ги користеле за транспорт претходно, пред да ги информирам лично околу транспортот и можностите, цените и слично, па им наплатуваат повеќе, за жал.

Која е твојата омилена тура надвор од Македонија?

Тешко ми е да издвојам некоја посебно, бидејќи сите ми се подеднакво омилени и секогаш со нетрпение чекам повторно да се вратам на истите места. Не би можела да се решам помеѓу Италија во минијатура – Верона, Венеција, Падова, Римини, Сан Марино, Дракула турата во Романија и моите омилени Пелеш, Брашов и Бран, турата Ртањ, Банатска приказна, манастирските тури, турата „Хеј Словени“ (по патеките на другарот Тито)…

Италија ја обожавам, Романија ми е слабост, во Србија сум како дома.

emilija-maslarkovska-kanevche-turisticki-vodich-dosega-ne-sum-sretnala-stranec-koj-ne-e-voodusheven-od-makedonija-i-koj-ne-e-izmamen-od-divi-taksisiti-11.jpg

Каде Македонците сакаат да патуваат?

Во принцип ние сме народ кој сака да патува. За жал, економската ситуација е таква каква што е, па не сите имаат доволно средства да се почестат со патување на тури како некогаш.

Оттаму, се приклучуваат или на поевтините, еднодневни тури или на оние кои се со пониска цена. Да не бидам погрешно сфатена, сепак има доволно патници кои можат да си дозволат и поскапи и подолготрајни тури, па и егзотични патувања и далечни дестинации.

Дестинациите како Италија, Србија, Австрија, Унгарија, Малта, Романија, бившите југословенски републики, се најбараните.

emilija-maslarkovska-kanevche-turisticki-vodich-dosega-ne-sum-sretnala-stranec-koj-ne-e-voodusheven-od-makedonija-i-koj-ne-e-izmamen-od-divi-taksisiti-07.jpg

Кои се предизвиците со кои се соочува еден туристички водич?

Предизвици има многу со кои се соочуваме. Знаете како е, водичот е еден, патници над 50, сите со сопствени замисли, побарувања и различни карактери (кога се работи за патувања надвор од Македонија).

Мора доволно трпение и многу балансирање како би биле патниците задоволни, па да може очекувањата и желбите на сите нив да им се испочитуваат. Звучи чудно, но не е невозможно.

Сепак, реално е да постојат, секогаш постојат, па и во иднина ќе постојат, можеби поединец или два, за кои што и да стори водичот и колку и да се посвети, ќе биде недоволно. Предизвик е да се претрпат и сите критики кои истите ќе ви ги кажат, иако знаете дека грешки немало и сè било по план и програма.

Кога се работи за странски туристи, секогаш мора да се има и план Б за сè (знаат често да додадат нешто што виделе на интернет, па предизвик е сето тоа да се вклопи и временски – за да биде сè како што треба да биде), подготвеност за одговор на прашања со кои не така често се соочувате или никогаш претходно не биле поставени…

Да не се предизвиците, можеби не би ја сакала мојата професија толку многу.

emilija-maslarkovska-kanevche-turisticki-vodich-dosega-ne-sum-sretnala-stranec-koj-ne-e-voodusheven-od-makedonija-i-koj-ne-e-izmamen-od-divi-taksisiti-04.jpg

Дали е тешко да биде мајка која често патува? Како твоите близнаци ја прифаќаат твојата професија?

Уф… на почетокот беше тешко, премногу тешко и за нив и за мене. Изборот на оваа професија знаев дека ќе ми донесе голем емотивен товар, дека некои моменти од нивното детство ќе ги пропуштам и нема да можат да се повторат, но бев решена да истраам.

Морав да работам и да сум фокусирана на турата, а постојано ги мислев моите близначиња како се. Како растеа, на некои нивни 4-5 години, веќе почнаа да разбираат дека тоа ми е работа, па едно време имаше период – „Мама ќе оди на пат и ќе донесе играчки“, па чекаат со нетрпение да се вратам, најпрвин да се изгушкаме и потоа да го отворат куферот за да видат што има ново за нив.

Сега веќе имаат 10 години, самите бараат да одиме „на разглед на Скопје“, по можност и Матка. Ги обожаваат посетите на сите музеи, цркви и знаменитости (па во сите сме биле по повеќе од 20 пати).

Ја сакаат Старата скопска чаршија, Охрид им е омилен, сигурно е до генот. Веќе патуваме заедно на турите, кога има можност за тоа.

Ќерката Василија е решителна (барем засега е така) да ми биде наследничка по професија, а Василиј плови во голманските фудбалски води, па сака само да е турист.

Сè уште е тешко кога тргам на пат и не сум со нив, но најтешкото помина.

emilija-maslarkovska-kanevche-turisticki-vodich-dosega-ne-sum-sretnala-stranec-koj-ne-e-voodusheven-od-makedonija-i-koj-ne-e-izmamen-od-divi-taksisiti-05.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Јасмина Цветковска 9 години живее во Сиднеј: „Како инженер лесно најдов работа, но проблем се скапит... „Дипломите од природните науки, машинските струки, архитектура, електро-инженерс...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Дијана (30) од Тетово живее во Германија: „Сите пластични играчки на синот (2) ги заменив со дрвени,... Разговараме со Дијана (30) од Тетово, која живее во Германија со семејството, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg