Интервју со ветеринарот Наташа Бојчева: „На мече му давав мед и млеко со шприц, мачка ме изгриза во ординација“


Интервју со ветеринарот Наташа Бојчева: „На мече му давав мед и млеко со шприц, мачка ме изгриза во ординација“

„Работам во амбуланта која има многу пациенти и во еден ден се случува само низ моите раце да пројдат од 20 до 50 миленичиња, a eднаш во ординација ни донесоа и млада лисица која ја удрило кола и имаше скршена вилица. Интересно е да си ветеринар“, раскажува 30-годишната Наташа Бојчева од Скопје.

intervju-so-veterinarot-natasha-bojcheva-na-meche-mu-davav-med-i-mledo-so-shpric-machka-me-izgriza-vo-ordinacija-01.jpg

Млада, полетна, ентузијастички настроена и едноставно вљубена во животните... Наташа Бојчева (30) од Скопје веќе неколку години работи како ветеринар. Студирала на Факултетот за Ветеринарна Медицина во Скопје, од кои една година била на студентска размена на Ветеринарниот факултет во Љубљана, Словенија.

Работи официјално како ветеринар веќе 2 ипол години во Ветеринарен Центар во Скопје, а скоро една година претходно имала и работно искуство во две амбуланти за домашни миленици во Рим, Италија. 

За нејзината кариера на ветеринар и искуствата од работното место таа споделува за CRNOBELO.com…

За луѓето што се вљубеници во животните изгледа како да ја работиш работата од соништата, дали е навистина така?

Пола-пола, би рекла. Дефинитивно ако ми речат да бирам што сакам да бидам кога ќе пораснам повторно би избрала да бидам ветеринар, но самата работа си зема свој емотивен и физички замав.

Тешко е кога си свесен дека не можеш сите да ги спасиш или кога гледаш дека кучето или мачката е предоцна донесено. Но, секако има и многу среќни приказни и излечени миленици за кои и всушност го правиме ова. 

intervju-so-veterinarot-natasha-bojcheva-na-meche-mu-davav-med-i-mledo-so-shpric-machka-me-izgriza-vo-ordinacija-03.jpg

Како ти изгледа еден работен ден, по колку миленичиња на ден згрижуваш?

Еден обичен работен ден е хаотичен. Работам во амбуланта која има многу пациенти и во еден ден се случува само низ моите раце да пројдат од 20 до 50 миленичиња.

intervju-so-veterinarot-natasha-bojcheva-na-meche-mu-davav-med-i-mledo-so-shpric-machka-me-izgriza-vo-ordinacija-07.jpg

Како „читаш“ што ги боли, луѓето можат да кажат, но не и животните, колку е тешко дијагностицирањето на состојбите кај нив?

Многу потешко од што сакам. Затоа е многу важно сопствениците на милениците да ми дадат детална и точна анамнеза. И да не се срамат да кажат ако тие самите имаат направено „беља“.

Многу често се случува кучето да има дијареа поради несоодветна исхрана и ценам ако ми кажат искрено што јадело за да знам што да коригирам.

Но, има и ситуации кога се работи за сериозна животозагрозувачка состојба, а немам дијагноза. И тука мора да правам многу дијагностички тестови, а сепак сме во Македонија и не ни е сѐ достапно тука.

Па, се осврнувам и на искуството, на колегите кои се постари од мене, па се консултирам со нив, понекогаш се консултирам и на ветеринарни форуми само за да дојдам до решение и лек за пациентот. 

intervju-so-veterinarot-natasha-bojcheva-na-meche-mu-davav-med-i-mledo-so-shpric-machka-me-izgriza-vo-ordinacija-10.jpg

Кои се најсериозните операции/зафати што си ги извела досега?

Јас сега за сега не правам сериозни операции. „Најсериозно“ до сега се стерилизации на мачки и кастрации на мачки и кучиња, шиење на угризни рани. Задолжена сум и за стоматолошкиот дел на работа, па се занимавам со разубавување на забите на моите пациенти.

intervju-so-veterinarot-natasha-bojcheva-na-meche-mu-davav-med-i-mledo-so-shpric-machka-me-izgriza-vo-ordinacija-04.jpg

Како изгледа породување на мачка, колку мачиња раѓаат најмногу, колку време по раѓање тие се беспомошни?

Мачките обично се пораѓаат лесно и без наша помош и најчесто раѓаат од 3 до 6 мачиња кои се беспомошни во следните четириесетина дена. Но, има и ситуации, најчесто при прво раѓање, да има слаби контракции, големи мачиња и да не може мачката да ги роди. Тука мора да интервенираме.

Доколку се интервенира на време (со царски рез) мачињата се раѓаат живи, но доколку овие потешкотии траат долго во тој случај операцијата е за отстранување на плодовите и да се спаси мајката.

Ова не се случува многу често, но конкретно ваков случај имавме баш оваа недела. Мајката е добра и заздравува. 

intervju-so-veterinarot-natasha-bojcheva-na-meche-mu-davav-med-i-mledo-so-shpric-machka-me-izgriza-vo-ordinacija-08.jpg

Правите ли дохрана на мали животинчиња со млеко со шприцеви на пример?

Обично само после царски рез дури се освести мајката од анестезија, а понатаму си презема таа. А во случај да се работи за најдени кутриња или мачиња на улица без мајка, најдобро е да се прихрануваат дома, а не во ветеринарна амбуланта бидејќи работиме и со болни животни, па ризикот да им се пренесе нешто е огромен, сепак немаат имунитет изградено сѐ уште. 

intervju-so-veterinarot-natasha-bojcheva-na-meche-mu-davav-med-i-mledo-so-shpric-machka-me-izgriza-vo-ordinacija-06.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Борислав Калковалиев: „Чест е да се биде дел од медицинскиот тим на Фудбалската репрезентација на Ма... Какви повреди најчесто доживуваат фудбалерите, што значи да се биде дел од медиц...
Интервју со мајката на најпопуларното девојче на Инстаграм во регионот: „Ники е природно зборлеста, ... Андријана живее во САД 13 години, а иако се навикнала на животот, станува ностал...
Христијан Коцев ослабе 50kg: „Јадев по 2 бургери на оброк, откажувањето од храна беше голема жртва“ „Во 2016-та бев аутсајдер на Скопски маратон и се прашував кој може да истрча по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg