Проф. Ангелина Станојоска, истражувач во САД: „Научната работа во криминологија не застанува, слободното време се жртвува“

„Родниот град е обележје кое го носиме целиот живот, но тоа не значи дека треба да сме врзани со местата од каде доаѓаме или сме израснале. Во моето растење како човек и како истражувач, повеќе сакам да научам да не се врзувам со местата, туку со новините кои ги носат со себе“, споделува професорката Ангелина Станојоска од Правниот факултет на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, која во моментот се наоѓа на научно истражување во САД.

prof angelina stanojoska kako covek i istrazuvac povekje sakam da naucam da ne se vrzuvam so mestata tuku so novinite koi gi nosat so sebe 16

Ангелина Стојановска е доцент на Правниот факултет при УКЛО – Битола, која во моментот работи на истражувачки проект за генералната теорија на напнатоста кај студентите на Универзитетот во Мизури-Сент Луис.

Со неа за CRNOBELO.com поразговаравме за добивање на Фулбрајт-грантот, за истражувачкото искуство во САД, за нејзините книги, за Битола и за Сент Луис...

Со добивање на Фулбрајт-грант ви се отвори можност да престојувате во САД, поточно на Универзитетот во Мизури-Сент Луис да работите на истражувачки проект за генералната теорија на напнатост кај студентите. Ангелина, што е она што успеавте да го откриете уште од самиот почеток, а посебно ги изненади вашите очекувања?

Пред моето патување поврзано со Фулбрајт грантот никогаш не сум била во САД. Сум слушала од пријатели каков е односот на Американците и нивниот стил на живот, но се разбира дека е најдобро кога човек нешто ќе го искуси лично.

Она што навистина ме изненади и што навистина го почитувам кај Американците е нивната љубезност, подготвеноста секогаш да ви помогнат, да ви дадат совет, да ве насочат во работата, но и воопшто во вашето приспособување на американскиот начин на живот, додека ја учите околината и градот во кој живеете.

Така што, покрај за криминологијата и воопшто научната работа, од нив можеме многу повеќе да научиме за љубезноста, споделувањето, пријателскиот однос и колегијалноста.

prof angelina stanojoska kako covek i istrazuvac povekje sakam da naucam da ne se vrzuvam so mestata tuku so novinite koi gi nosat so sebe 5

Како дел од вашите претходните истражувања успеавте да се доближите до изборот на напнатоста кај студентите во Македонија, а верувам дека искуството во САД ќе ви помогне да си дадете одговори на многу прашања. Со кои практични чекори може да се отстрани напнатоста кај студентите?

Напнатоста според генералната теорија на напнатост е поврзана со, пред сè, случувањата во нашата микро средина, со нашите доживувања на настаните кои ни се случуваат, каква е нашата перцепција кон нив и кои негативни емоции се јавуваат како резултат на таа емоција.

Професорот Агњу смета дека постојат емоции кои скоро секогаш кога ќе се појават, резултираат со криминално однесување. Таква емоција, на пример, е бесот, кој најчесто се поврзува со насилното криминално однесување.

За да можеме да отстраниме напнатост кај некого или кај одредена категорија граѓани, потребно е претходно да ги откриеме најчестите извори на напнатост карактеристични за таа категорија.

Тоа може да бидат неуспех да се достигнат позитивно вреднувани стимули, што кај студентите би биле на пример, неможноста да се положи испит или да се добие висока оценка, да се задржи стипендија или висок просек, да се најде вработување, успешно да се вклопат во универзитетската средина, контактот со нивните колеги, да можат да воспостават соработка со професорите, да успеат да се носат со обврските и слично.

Понатаму, како извор на напнатост се ситуации кога би биле отстранети позитивно вреднувани стимули, кога на пример младиот човек би загубил некој близок пријател или колега или можеби би прекинал интимна врска. И на крајот, ако се присутни негативно вреднувани стимули, кои се опасни стимули, како што е виктимизацијата, односно постоење на сексуално, физичко или друг вид насилство во семејството, во односите со колегите или професорите/асистентите, во интимните врски, итн.

Сите претходно наведени извори на напнатост во истражувањето се поврзани и со COVID-19 пандемијата, која како една од независните варијабли би требало да укаже дали поради променетиот начин на живот, рестриктивните мерки, физичката дистанца, онлајн предавањата и многуте други аспекти на „новото нормално“ довеле до зголемување на напнатоста. Очекувањата се дека има поместувања кон зголемена напнатост, а со тоа и појава на различни негативни емоции.

Постоењето на напнатоста доведува до појава на негативните емоции, па, во случајов, луѓето бараат начин да се справат со нив, однесувајќи се криминално или посегнувајќи кон употреба на супстанции или насочувајќи го насилството кон себеси.

Потребно е многу за да се отстрани напнатост кај одредена категорија луѓе, затоа што понекогаш тоа се системски проблеми, како студиски програми кои не се модернизирани со застарени предмети, отсуство на практична настава, неможност за вработување или уште полошо проблеми кои „успешно“ се затскриваат, како што се дискриминацијата и родово заснованото насилство.

prof angelina stanojoska kako covek i istrazuvac povekje sakam da naucam da ne se vrzuvam so mestata tuku so novinite koi gi nosat so sebe 7 copy

Уште кога бевте избрани за доцент на Правниот факултет при УКЛО – Битола почнавте да се подготвувате за Фулбрајт-програмата. Низ какви сè подготовки поминавте додека стигнавте до крајната цел – да бидете спонзорирана од Владата на САД за оваа меѓународна програма?

Не би рекла дека тоа се специфични и конкретни подготовки. Едноставно треба да ја работите својата професија најдобро што знаете. Научната работа во криминологијата, а и воопшто, никогаш не застанува, дури и тогаш кога ќе достигнете одредено наставно – научно звање.

Криминалното однесување се менува како што се менуваат општествените услови, тоа бара да се движиме во чекор со него, да ги приспособуваме нашите истражувања и истите да ги модернизираме, а резултатите да ги користиме во насока на отстранување на факторите за неговата појава.

За мене науката претставува и начин на живот, а тоа значи дека некогаш мора да жртвувате дел од слободното време, да ги поставите обврските во хиерархија и приоритет да им дадете на научните истражувања.

Се разбира, да се биде добар академски кадар, не значи само дека е потребно да сте добар научник и истражувач, туку потребно е да сте и добар професор. Студентите се иднината и на науката, бидејќи меѓу нив секогаш ќе најдете некој кој е заинтересиран да работи на научни истражувања.

Секогаш се обидувам моите предавања да бидат во чекор со новините во криминологијата, притоа предизвикувајќи ги студентите да размислуваат и самите да носат заклучоци. Секое кривично дело и сторител се посебна приказна, би рекла дека како луѓе многу лесно си земаме за право да ги осудуваме другите, без притоа да размислиме зошто нешто се случило, како се случило, што се случувало претходно и слични аспекти.

Исто така, заедно со студентите на годишно ниво работиме на симулации на процеси пред Европскиот суд за човекови права. На таков начин до студентите ја доближуваме важноста на механизмот за заштита на човековите права, а ги доближуваме и човековите права воопшто, како еден од суштинските сегменти на демократскиот начин на живот.

Фулбрајт програмата при изборот на успешните кандидати ги поврзува сите аспекти на професионалното работење, притоа ценејќи го и влијанието кое кандидатите го имаат во својата микро академска средина, но и на национално, регионално и меѓународно ниво.

prof angelina stanojoska kako covek i istrazuvac povekje sakam da naucam da ne se vrzuvam so mestata tuku so novinite koi gi nosat so sebe 9

Сега додека се наоѓате на Универзитетот во Мизури-Сент Луис имавте можност да го искусите заедничкото разбирање меѓу академските кадри и истражувачите. По што се разликува атмосферата и искуствата со кои постојано се соочувате? И што повеќе ви годи вам?

Одделот за криминологија и кривична правда на кој престојувам е мала и компактна заедница од академски кадри и истражувачи кои се докажани во својата криминолошка област во која истражуваат. Она што навистина ме прави среќна е што истите се отворени за соработка и од нив има што да се научи.

Она што одамна не сум го забележала во академската средина е ваквиот начин на соработка. Не постои натпревар, останатите колеги на вашите успеси гледаат како на свои, но и како заеднички во насока на промоција на Одделот и Универзитетот.

Секојдневното функционирање се состои од пријателски однос, искреност, соработка, меѓусебно советување и помош, како и чести неформални дружења кои прават да се чувствувате како дел од едно големо научно семејство. За жал, тоа ниво го немаме во нашата академска средина.

Исто така, невозможно е да очекувате резултати од научни истражувања кога истите не ги поддржувате финансиски, кога професорите и истражувачите сами мораат да се снаоѓаат за пристап до голем дел од меѓународните научни списанија, а честопати проблем е и пристапот до податоци и влез во голем дел од државните институции во Македонија.

Се разбира дека како истражувач би сакала да имам услови како тие на универзитетите во САД. Да имам пристап до литература од претходни светски истражувања, истражувањата да ми бидат финансиски поддржани од национални фондови кои подоцна резултатите ќе ги искористат во градењето на државните политики, а кога ќе се обратам до државните институции истите да не ме гледаат зачудено и да се прашуваат што барам таму, мислејќи дека пишувам докторска дисертација (по којзнае кој пат).

Исто така, многу важно е да ја промениме општествената перцепција кон научната работа и истражувањата, нашата држава мора да разбере дека без науката не постои напредок, ниту општествени промени во чекор со модерното живеење.

prof angelina stanojoska kako covek i istrazuvac povekje sakam da naucam da ne se vrzuvam so mestata tuku so novinite koi gi nosat so sebe 13

Јас тргам од помислата дека секое место има своја убавина, а по три месеци поминати во Сент Луис сигурно доста работи имаш истражено. По што ќе го паметиш овој град и искуството кое оди со него?

Сент Луис за американски стандард е мал град, кој со околината (counties) брои околу милион жители. Но, тоа не го прави помалку привлечен. Всушност, истиот претставува одлично структуриран урбан мозаик во кој секој може да најде нешто од интерес.

Сент Луис има многу музеи од кои повеќе од две третини се бесплатни за посетителите, нов Аквариум, една од најубавите ЗОО градини во САД со над 500 животински видови кои се одгледувани по нов иновативен начин за заштита, прекрасна ботаничка градина во која не може, а да не се заљубите во тишината која ја прекинуваат само црцорот на птиците и шумолењето на лисјата, додека ве опкружуваат прекрасните мириси на многубројните цветови, и се разбира, два големи паркови – Tower Grove и Форест парк.

На брегот на реката Мисисипи, стои гордо исправената Арка, која е висока 192 метри и за времето кога е изградена е архитектонски подвиг. Арката е препознатливиот знак на СТЛ. Се разбира, неизбежен дел од престојот во овој град се и крстарењата по реката Мисисипи во приквечерието за време на кое Сент Луис може да се види во неговото најубаво светло.

Исто така, СТЛ е дом на неколку спортски клубови, како што се Сент Луис Кардиналс кои се натпреваруваат во MLB лигата и се еден од најстарите и најуспешните професионални бејзбол клубови, и Сент Луис Блуз кои се професионален хокеј тим и се натпреваруваат во NHL.

Форест паркот претставува едно од честите места каде минувам голем дел од моето слободно време, пред сè трчајќи ја мојата дневна доза на километри. Паркот дефинитивно ќе биде важен дел од мојот живот во Сент Луис кој ќе ми недостига во Македонија.

prof angelina stanojoska kako covek i istrazuvac povekje sakam da naucam da ne se vrzuvam so mestata tuku so novinite koi gi nosat so sebe 4

Едно кратко прашање. Би го оставила ли Битола за Сент Луис?

Родниот град е обележје кое го носиме целиот живот, но тоа не значи дека треба да сме врзани со местата од каде доаѓаме или сме израснале. Во моето растење како човек и како истражувач, повеќе сакам да научам да не се врзувам со местата, туку со новините кои ги носат со себе.

Животот би требало да биде флуиден, подготвен да се прилагоди на промените, се разбира, со можноста некаде да пуштиме корени, но да не забораваме дека секогаш постои можност за различно утре. Тоа значи дека да, доколку некој град со себе би носел поисполнет живот за мене, би ја префрлила Битола во спомените.

Ангелина, како човек што лесно ги воочува работите и културата на еден народ, што е она што го имаш видено/доживеано во САД, а би сакала да е дел од Македонија?

Би сакала да имаме повеќе зелени површини и паркови како што имаат САД. Да вложуваме во нови, но и да ги чуваме и прошируваме и старите. Урбаните средини кај нас бескрупулозно ги газат зелените делови, што не треба да е така.

Доколку плански ги градиме урбаните средини, би имале и големи паркови, а така не би имале проблем со загадениот воздух. И мораме да ги сакаме своите природни убавини, затоа што нашата земја ги има многу, ама и да ги чуваме. За жал, излезе дека требаше да ни се случи пандемија, за ние да започнеме да ги истражуваме природните убавини на Македонија.

Исто така, би сакала кога ги градевме, барем новите делови на нашите градови, да научевме истите да бидат урбано планирани. Градењето по блокови, широките улици, планираните паркинзи, уредените површини пред и зад куќите, одличните решенија за комуналниот отпад, се само дел од белезите на урбаното живеење во САД.

Понатаму, би ги споменала и беспрекорно регулираниот сообраќај, одличната поврзаност со јавниот превоз, како и точно обележаните улици по нивните имиња, поради што е речиси и е невозможно да се изгубите во градовите, без разлика колку се големи.

И да, нешто што навистина го сакам е љубезниот однос на Американците што досега не сум го доживеала ниту дома ниту во некоја европска земја. Секогаш подготвени да помогнат, да ве упатат, да ви покажат нешто ако не го знаете.

prof angelina stanojoska kako covek i istrazuvac povekje sakam da naucam da ne se vrzuvam so mestata tuku so novinite koi gi nosat so sebe 10

Секој престој далеку од родниот град едноставно мора да има интересни, носталгични, а понекогаш и необични случки. Сподели со нас неколку ситуации, кои се врежаа во тебе и со радост сакаш да ги споделиш со другите?

Пред СТЛ, никогаш не очекував во урбана средина да сретнам толку диви животни и птици кои слободно се движат низ дворовите и околу куќите, по дрвјата и оградите. Ова навистина е пријатно изненадување.

Бидејќи сум голем љубител на животни, првото место кое го посетив во СТЛ беше ЗОО градината, каде што пријатно ме изненади начинот на заштита и одгледување на животните. Во неа нема да ги видите малите, тесни кафези, кои за жал, сè уште ги практикуваме во Македонија (пред сè во Битола), туку големи, пространи зелени површини коишто одговараат на нивниот начин на живот.

Она што недостасува во нашите градови се постојаните изложби во музеите и менување на поставките, на кој начин посетителите можат да видат различни уметнички, историски и археолошки експонати, не само за американската, но и за светската историја и уметност. Музеите на СТЛ имаат постојани поставки, но и нудат нови, главни поставки кои би требало да го зголемат интересот за посета.

Понатаму, посетата на Чикаго која ми овозможи да се вратам во моите студентски денови, бидејќи еден мал дел од моите колеги од Полициската академија, живеат таму. Нашите средби и дружења беа исполнети со прошетки низ градот и покрај езерото Мичиген. Исто така, она што ќе го понесам со себе е чувството кога сте на 94-ти кат на Хенкок центарот и имате незаборавен поглед на еден од најубавите градови во светот – Чикаго, и тоа од сите четири страни.

prof angelina stanojoska kako covek i istrazuvac povekje sakam da naucam da ne se vrzuvam so mestata tuku so novinite koi gi nosat so sebe 14

По објавување на голем број научни и стручни трудови од областа на криминалистика и криминологија, во 2017 година го објавивте вашиот прв роман „Во сенката на кафезот“. По пауза од неколку години, ќе му се вратите ли пак на пишувањето на крими-романи или можеби ќе почнете да експериментирате со некој друг жанр?

„Во сенката на кафезот“ беше освежување во мојот начин на пишување, кој дотогаш беше само научен. Сепак, морам да признаам дека навистина се оддолжи пишувањето на вториот роман, односно продолжението на приказната за Нина.

Тоа ми е поставено како обврска на која би сакала да ѝ се посветам веднаш штом ги заокружам професионалните задачи, кои понекогаш изгледаат како да немаат крај.

Во меѓувреме, во слободното време во САД, покрај што трчам, читам и го шетам СТЛ, се обидувам да ги забележам пишувајќи моите секојдневни искуства тука, размислувањата, чувствата кои ми ги будат, воопшто мојот Фулбрајт престој и искуството кое го добивам и како човек и како професионалец, па не знам, можеби истиот ќе ми послужи како подлога за нешто слично на мемоари, но ќе видиме.

Знам дека сте страстен читател. Крими-романите постојано се дел од вашето секојдневие, па сакам да ве прашам кои автори на трилери најмногу ги почитувате и препрочитувате?

Последниве години навистина донесоа голем број меѓународно признаени автори кои пишуваат одлични трилери. Никогаш не пропуштам да го купам и прочитам новото издание на романите на Несбе, Кеплер, Ханс и Розенфелт, Лагергранц (кој ја продолжи Миленум трилогијата на Ларсон), Каризи, како и романите на Петерсон за детективот Крос. Истражувам и други скандинавски и американски крими автори.

Сепак, се обидувам да се насочам и кон други жанрови, па навистина ги сакам книгите на Зафон (кој за жал веќе не е со нас) и тие на Мураками и Шафак.

Една од омилените книги ми е „Што зборувам кога зборувам за трчањето“ на Мураками. Во неа, Мураками одлично ги пренесува чувствата и борбата во нас која ја чувствуваме и пред и за време на трчањето, како и чувството на олеснување по завршувањето.

Трчањето веќе петта година континуирано (иако и претходно со паузи) е дел од моето секојдневие и морам да признаам дека користа по моето психичко и физичко здравје е огромен. А, бидејќи сум љубител на јадењето, некогаш можам да си дозволам и малку повеќе калории со плус истрчан километар.

prof angelina stanojoska kako covek i istrazuvac povekje sakam da naucam da ne se vrzuvam so mestata tuku so novinite koi gi nosat so sebe 1

Тука ќе го завршиме разговорот. Да оставиме простор за некоја наредна прилика да нè изненадиш со нови научни истражувања, нови книги… Кога веќе светот почна постепено да ја враќа избледената боја на кои доживувања и патување ќе им се препуштиш летово?

Дел од летово ќе бидам во САД, па покрај што би сакала уште еднаш да отпатувам за Чикаго кој веќе го посетив во текот на месец мај, имам планирано и патување до Вашингтон и Њујорк.

Таа седмица во двата града, која се разбира дека ќе биде малку, ќе ја искористам да видам и прошетам колку што можам, оставајќи ја можноста да ги видам повторно, затоа што животот знае да не изненадува.

По враќањето во Македонија кон средината на август ќе видиме каде ќе ме однесе патот, пред повторно да се вратам на професионалните обврски на факултетот.

prof angelina stanojoska kako covek i istrazuvac povekje sakam da naucam da ne se vrzuvam so mestata tuku so novinite koi gi nosat so sebe 12

prof angelina stanojoska kako covek i istrazuvac povekje sakam da naucam da ne se vrzuvam so mestata tuku so novinite koi gi nosat so sebe 12

prof angelina stanojoska kako covek i istrazuvac povekje sakam da naucam da ne se vrzuvam so mestata tuku so novinite koi gi nosat so sebe 12

prof angelina stanojoska kako covek i istrazuvac povekje sakam da naucam da ne se vrzuvam so mestata tuku so novinite koi gi nosat so sebe 12

prof angelina stanojoska kako covek i istrazuvac povekje sakam da naucam da ne se vrzuvam so mestata tuku so novinite koi gi nosat so sebe 12

prof angelina stanojoska kako covek i istrazuvac povekje sakam da naucam da ne se vrzuvam so mestata tuku so novinite koi gi nosat so sebe 12

Автор: Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јасмина Цветковска 9 години живее во Сиднеј: „Како инженер лесно најдов работа, но проблем се скапит... „Дипломите од природните науки, машинските струки, архитектура, електро-инженерс...
Леонид Вандевски, атлетичар: „Пред натпревар избегнувам користење на социјалните мрежи, а дисциплина... „Неуспехот е дел од животот и е нешто што сите мора да го прифатиме бидејќи најг...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Даниел Николовски, фризер и шминкер: „Елена Ристеска ми е како сестра, Наташа Беквалац е најзабавнат... „Наташа Беквалац, која со право важи за една од најубавите жени на Балканот, е и...
Михаил Корубин: „Моите ми направија прва ‘изложба’ дома на 6-7 години, израснав во ателјеата на татк... „Паметам на 6-7 години моите ми ја направија првата „изложба“ во нашата куќа, ја...
Сипхокази Трпкоски од Јужноафриканска Република е македонска снаа: „Сакам пастрмалија и ракија, Охри... „Македонската свадба е за мене е најубавата македонска традиција. Многу е убаво ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg