Анастасија Ражнатовиќ во Шпанија со Немања Гудељ, по гласините дека се скарала со мајка му и сестра му

Од друга страна, татко му на Немања, Небојша неодамна даде изјава во која ја одбрани девојката на синот:

„Има многу нервози, сите сме нервозни на трибините, но мене ми е полесно, јас сум во фудбалот целиот свој живот, иако сега сум во необична улога, на трибините, а не на теренот, како играч или како тренер.

Анастасија е поинаква, тоа поинаку го прифаќа тоа, млада е и емотивна. Не дека ја кубе косата или ги грицка ноктите, но не ѝ е лесно. Таа е прекрасна девојка.“

Првите знаци дека односите меѓу Анастасија и мајката и сестрата на Немања се влошени биле забележани откако тие две одлучиле да ја отследат од Инстаграм идната снаа, а наводно им пречело тоа што Немања целото слободно време го поминува со девојката, која не дозволувала никој да им се меша во односот.

Наводно, Анастасија била видно вознемирена од тоа што семејството на нејзиниот дечко седело веднаш пред сопругот на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ, затоа што Цеца и Јелена со години наназад се во лоши односи.

Додека српските медиуми шпекулираа за наводни кавги и расправии, на социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа дека Анастасија се вратила со Немања во Шпанија , а во авионот му спие на рамото.

По враќањето од Катар, Немања и Анастасија заминале во Шпанија, а Анастасија во Инстаграм Стори објави дека во моментов ужива на југот во Шпанија во Марбеља.

anastasija-razhnatovikj-vo-shpanija-po-shpekulaciite-deka-se-skarala-so-majkata-i-sestrata-na-dechkoto-foto-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Српска водителка со исповед: „Пред 12 години, на Бадник, лежев во болница и се молев на Бога за опер... Снежана Дакиќ имала комплексна интервенција на мозочните крвни садови во Германи...
Една од најзгодните (и најбогати) Србинки блеска на 54-иот роденден, без грам целулит „За мојот изглед најмногу е заслужна генетиката, но би била некоректна ако кажам...
Односот на Мирка Васиљевиќ и Вујадин Савиќ: Таа сака и 5-то дете со него, тој ја изневери и со транс... „Ние го живееме нашиот живот, а не медиумски. Научив дека секое чудо трае три де...
Празнична магија во домот на Лидија Вукичевиќ - природна елка со воз на шини, камин и безброј украси... „Бајката ја направив сама, а магијата ја делам со вас“, напиша таа на Инстаграм ...

Најчитани неделава