Христина Пан за тешката битка и хемотерапијата на ќерка си (1): „По 3 тешки месеци, излеговме од болница на кратко“

„По 3 тешки месеци, излеговме од болница. Нашата борба не е завршена, ама до мене ја имам најхрабрата девојка и не се сомневам во неа, а уште помалку во Господ“, напиша на Инстаграм Христина Пан, која пред извесен период откри дека една од нејзините ќерки близначки е болна и прима хемотерапија.

hristina-pan-po-borbata-so-neplodnost-se-soochi-so-bolest-na-kjerkata-1-po-teshki-3-meseci-izlegovme-od-bolnica-no-borbata-ne-e-zavrshena-01.jpg

Христина Младенов, која на Инстаграм е позната како @hristinapan, по неколкугодишната борба со неплодност, во јули 2022 стана мајка на близначки.

Но, брзо пред нејзините ќерки Тара и Хана да наполнат една година, таа во јавноста откри дека едното од бебињата е болно и почнало да прима хемотерапија.

hristina-pan-po-borbata-so-neplodnost-se-soochi-so-bolest-na-kjerkata-1-po-teshki-3-meseci-izlegovme-od-bolnica-no-borbata-ne-e-zavrshena-04.jpg

Три месеци подоцна, со емотивна објава на Инстаграм, Христина откри дека таа и ќерката Тара конечно излегле од болница на неколку дена.

Иако нивната борба не е завршена, таа сега ќе се обиде да го надокнади и загубеното време со Хана, која последниве месеци растела без сестричката близначка и без мајка си.

hristina-pan-po-borbata-so-neplodnost-se-soochi-so-bolest-na-kjerkata-1-po-teshki-3-meseci-izlegovme-od-bolnica-no-borbata-ne-e-zavrshena-03.jpg

„После 3 тешки месеци, излеговме од болница. Нашата борба не е завршена, ама јас до мене ја имам најхрабрата девојка и не се сомневам во неа, а уште помалку во Господ.

Имаме неколку дена пауза, ќе ги искористиме на максимум со Хана и колку што можам да им надокнадам за изгубеното време“, напиша Христина.

Таа се заблагодари и на сите што им давале поддршка во најтешките денови.

„Чекавме вакви убави вести од вас“,

„Сонце мало, Господ е со вас, сите сме со вас“,

„Тара е борец најголем и ќе биде победник во оваа борба“,

„Браво, храбри девојки“, „Херој дете, херој мајка, да расте безгрижно“, се дел од пораките што ги доби Христина на Инстаграм.

hristina-pan-po-borbata-so-neplodnost-se-soochi-so-bolest-na-kjerkata-1-po-teshki-3-meseci-izlegovme-od-bolnica-no-borbata-ne-e-zavrshena-02.jpg

Пред да ги добијат близначките, Христина и нејзиниот сопруг две години се обидувале да добијат дете, а за тоа таа говореше во интервју за CRNOBELO.com.

Прочитајте и Христина Младенов: „Во борбата со неплодност душевната болка е неподнослива, но денес ги имам моите Хана и Тара“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Горан Алачки ѝ слави роденден на саканата, Светлана Црнокрак блеска со холивудски гламур: Што прават... Горан Алачки го прослави 59-иот роденден на неговата сакана Марина, Кристина Дим...
Лила Филиповска за првпат се појави на настан со кратка коса – блеска со самодоверба и елеганција, п... Лила продефилира на Саемот за венчавки во црна тоалета со висок шлиц и за првпат...
Мики и Светлана, Силви и Влатко – Кои македонски парови имаат најдолга љубовна приказна? Маја и Дарко Панчеви, Ленче Дедејска и Горан Кукиќ, Зуица Лазова и Наум Петрески...
Миа Костова гневна откако нејзиниот син бил жртва на врснички булинг - ѝ се обрати јавно на мајката ... „Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние рег...
Марта Димоска, по мисијата на НАСА, позира во смел аутфит среде снежна бура во САД: „Ми летна шапкат... Македонката Марта Димоска позира како секси Баба Мразица среде снежна бура во СА...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg