Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Маркетинг агенцијата Brand Union стана Google Partner

Македонската маркетинг агенција „Brand Union“ од денес е официјален Google Partner.

marketing-agencijata-brand-union-stana-google-partner-1.jpg

Brand Union стана дел од одбраното друштво на Google Партнери исполнувајќи ги критериумите за стручност, знаење и покажани долгорочни резултати за своите клиенти со што се најде на листата на Google Партнери.

Google Partners е програма за маркетинг агенции, специјалисти за дигитален маркетинг и консултанти кои работат и менаџираат AdWords онлајн кампањи. За една агенција да стане носител на беџот потребно е да има онлајн професионалци сертифицирани од Google, како и да ги исполнува условите кои ги налага Google вклучително постигнување добри резултати при управување со кампањите на постоечките клиенти на подолг период и континуирано одржување и зголемување на базата со клиенти.

„Добивањето на Google Partner беџот е потврда за вложениот труд и издвоеното време за усовршување и специјализирање во сите дејности во кои работиме заедно со нашите клиенти. Признанието е резултат на секојдневното партнерско работење со нашите клиенти, следење и оптимизирање на рекламните кампањи, изнаоѓање на креативни решенија, прилагодување на трендовите во онлајн маркетингот како и интегрирање на онлајн активностите во маркетинг кампањите на клиентите со цел да се добијат најдобрите резултати за вложените средства“, изјави Оливер Новески од Brand Union.

Агенциите кои се дел од Google Partners програмата добиваат пристап до дополнителни тренинг програми, настани и промотивни понуди како додадена вредност за постоечките и идните клиенти.

Би можело да ве интересира:

Илина од Струга е мајка која испраќа моќен апел: „Учете ги децата на одговорен однос кон интернетот ... Илина Пејоска Затуроски од Струга во една лична ситуација, открила дека нејзинио...
Александар Динев за булингот: „Дури и во живо се случува да бидам нападнат“ „На страна тоа што онлајн добивам безброј негативни коментари и во живо се случу...
Врвни резултати на македонските млади музичари на меѓународниот натпревар “Тартини” На меѓународниот натпревар "Тартини", кој од 31.05 до 02.06 по четврти пат беше ...
Македонскиот фризер Зоки Давитков: „Преку глава ми е да работам со луѓе кои не знаат како да се одне... „Сакам да ви напишам неколку битни работи и еднаш засекогаш да бидат запаметени ...
Партнерите на нашите водителки и новинарки - тие им се поддршка и ветер во грб (фото) Некои од нив се во децениски бракови со по 3 деца, други, пак, се неколку години...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg