Александар Динев за булингот: „Дури и во живо се случува да бидам нападнат“

„На страна тоа што онлајн добивам безброј негативни коментари и во живо се случува да бидам нападнат вербално, понекогаш се случувало и физички да ме нападнат луѓе“, вели искрено тиктокерот Александар Динев.

aleksandar-dinev-dobivam-negativni-komentari-onlajn-no-i-vo-zhivo-se-sluchuva-da-bidam-napadnat-01.jpg

Тиктокерот Александар Динев гостуваше во новата епизода на поткастот „Тивка Врева“ и отворено говори на тема булинг.

Проблем за кој треба јавно да се говори за жртвите на булинг да се охрабрат за да побараат помош.

aleksandar-dinev-dobivam-negativni-komentari-onlajn-no-i-vo-zhivo-se-sluchuva-da-bidam-napadnat-02.jpg

Александар Динев во поткастот на Пеце од „Суперхикс“ вели:

„Сум се соочил во булинг во училиште. Тоа не е некој нов тренд, па да кажеме дека сега булингот е актуелен, а претходно не постоел.

Постоел, само не се зборувало толку многу и се ставало сè под тепих.

aleksandar-dinev-dobivam-negativni-komentari-onlajn-no-i-vo-zhivo-se-sluchuva-da-bidam-napadnat-03.jpg

Но, и сега кога почнав со работа на социјалните мрежи, сè повеќе е застапено, за жал.

На страна тоа што онлајн, на интернет, добивам безброј негативни коментари и во живо се случува да бидам нападнат вербално, понекогаш се случувало и физички да ме нападнат луѓе.

aleksandar-dinev-dobivam-negativni-komentari-onlajn-no-i-vo-zhivo-se-sluchuva-da-bidam-napadnat-05.jpg

На прашањето „Зошто се случува ова“, Динев вели:

„Најверојатно не им се допаѓам и јас не очекувам на секого да се допаднам, само не и да бидам нападнат.

Мене ако нешто не ми се допаѓа кај некој, нема да го нападнам или дури и да прокоментирам нешто.

aleksandar-dinev-dobivam-negativni-komentari-onlajn-no-i-vo-zhivo-se-sluchuva-da-bidam-napadnat-06.jpg

Си останувам без да дадам мислење. Но, можеби тоа го правам затоа што сум почувствувал на своја кожа, па знам како е, а луѓето кои што не почувствувале, можеби го прават тоа за да изгледаат покул и да се исмеваат“.

View this post on Instagram

A post shared by Aleksandar Dinev (@aleksandardinev)

Погледнете го целото гостување:

Прочитајте и Александар Динев (18), со солзи во очите: „На 14 години станав мета на сајбер булинг, беше ужасно, се затворив дома“

 

Би можело да ве интересира:

Александар Тарабунов е среќно вљубен во Калина, иако не открива детали за врската Убавата бринета со впечатлива насмевка му го освои срцето на Александар Тарабуно...
Александар Динев искрен за борбата со тежината: „На 14 години имав скоро 100kg, се борев и со булими... „Еден ден почнав да чувствувам болка во градите и на лекар ми кажаа дека сум ‘на...
Првпат запеале заедно во 2009-та, денес се неразделни – Како настанало дуото Дац и Александар? „На денешен ден, пред 15 години, Александар ја сними ’За век и векови‘. Во спото...
Ќерката на Александар Митевски слави матура: „Биди среќна и успешна“ Пет години откако правеше матурска прослава за ќерката Ања, Александар Митевски ...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg