На само 16 години има еден од највлијателните профили на TikTok во Македонија - интервју со Александар Динев


На само 16 години има еден од највлијателните профили на TikTok во Македонија - интервју со Александар Динев

Колку време е активен на TikTok, како успеа да стекне толку следбеници и дали заработува преку снимањето на интересни видеа … Александар Динев – влијателен македонски тиктокер.

ima-samo-16-godini-i-najmnogu-sledbenici-na-tiktok-vo-makedonija-intervju-so-aleksandar-dinev-01.jpg

Млад, креативен, ведар и забавен … Александар Динев со своите интересни видеа на TikTok стана еден од највлијателните македонски тиктокери.

Александар живее во Валандово и има 16 години. Учи гимназија во СОУ „Гоце Делчев“, а во иднина желба му е да студира „Бизнис и менаџмент“ во Скопје.

Тоj има профил со повеќе од 135.000 следбеници.

Како стигнал дотаму открива за CRNOBELO.com:

Зошто баш TikTok и од кога си присутен на TikTok?

На TikTok снимам веќе 4 години, поточно од 2016 година кога TikTok беше наречен Musical.ly, и можеби затоа што толку долг период сум присутен на апликацијата продолжив од тогаш да снимам.

ima-samo-16-godini-i-najmnogu-sledbenici-na-tiktok-vo-makedonija-intervju-so-aleksandar-dinev-04.jpg

Која е тајната на твојата бројка на следбеници?

Забава и ширење позитивност!

Што ти е најсилен адут?

Целата поддршка што ја добивам дневно.

ima-samo-16-godini-i-najmnogu-sledbenici-na-tiktok-vo-makedonija-intervju-so-aleksandar-dinev-03.jpg

Што мислиш зошто луѓето сакаат да ги гледаат твоите видеа?

Некогаш дури заборавам дека луѓе ги гледаат моите видеа. Според мене, мислам дека се враќаат заради нивна забава, а и заради мојата слика како личност којашто ја имам изградено на мојата платформа.

Дали снимаш секој ден видеа и колку време ти одзема тоа?

Да, најчесто снимам секој ден и тоа трае најмалку 20 минути или најмногу 2, 3 часа а некогаш се има случено да трае и денови.

ima-samo-16-godini-i-najmnogu-sledbenici-na-tiktok-vo-makedonija-intervju-so-aleksandar-dinev-02.jpg

Колку време поминуваш на TikTok?

Скоро цел ден, обично отворам TikTok од време на време кога ми е здодевно и секогаш се трудам да зграпчам нови идеи за нови видеа.

Незгода за време на некое снимање …

Многу пати ми се има случено да снемам батерија или не сакајќи да избришам некој дел од видеото за коешто сум се трудел долго време.

Најзабавна ситуација за време на некое снимање…

Многу е интересно кога најрандом луѓе изненадно се вклучуваат за време на снимање.

ima-samo-16-godini-i-najmnogu-sledbenici-na-tiktok-vo-makedonija-intervju-so-aleksandar-dinev-06.jpg

Совет за сите оние кои сакаат да станат влијателни на TikTok …

Совети кои на мене ми помогнаа се: да се потрудат максимално во видеата, да имаат добро светло, интересни идеи и главно да уживаат за време на снимањето.

Дали успеваш да го монетизираш своето влијание? Дали заработуваш преку TikTok?

Сега за сега во Македонија не е возможно да се монетизираат видеата, освен во странство. Се трудат да е можна монетизацијата ширум цел свет вклучувајќи ја и нашата држава. Моментално заработувам од спонзори, реклами и слично.

За една година колку следбеници си посакуваш да имаш?

Искрено не сум сигурен колку би можел да достигнам знаејќи дека апликацијата сè повеќе и повеќе станува популарна.

ima-samo-16-godini-i-najmnogu-sledbenici-na-tiktok-vo-makedonija-intervju-so-aleksandar-dinev-08.jpg

Твои топ 5 омилени профили кои ги следиш:

@charlidamelio,@nabela,@petkovvaa,@keemokazi,@davorardzik и многу други затоа што сите што ги следам, ги следам со причина. Секогаш се трудам да следам личности кои имаат позитивно влијание врз нивната публика.

Што велат твоите родители за твојата опсесија?

На почетокот не беа мојата најголема поддршка, но со текот на времето го прифатија сето тоа. Сепак ова е нешто ново за нив и затоа предизвикуваше конфузија.

Каде се гледаш за 5 години од сега?

Дефинитивно планирам да продолжам со социјалните мрежи, но исто така сакам да завршам факултет. Се надевам дека за тие 5 години ќе успеам со сето тоа што го правам и ќе ја постигнам секоја цел што ја имам.

ima-samo-16-godini-i-najmnogu-sledbenici-na-tiktok-vo-makedonija-intervju-so-aleksandar-dinev-10.jpg

Ти завидуваат ли пријателите?

Вистинските пријатели никогаш не завидуваат. Сум се нашол во моменти каде што се будат разни видови на негативни емоции и мислења, па затоа сум бил принуден да се дистанцирам од некои луѓе.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Борислав Калковалиев: „Чест е да се биде дел од медицинскиот тим на Фудбалската репрезентација на Ма... Какви повреди најчесто доживуваат фудбалерите, што значи да се биде дел од медиц...
Интервју со Ана од Скопје, мајка на близначиња: „Вреди секоја жртва, секој пропуштен настан“ „Алексеј и Олег од самото раѓање настојував да јадат и спијат истовремено и до д...
Леа од Скопје живее во Кенија, а на 14 години издаде книга – „Сакам луѓето да можат да летаат на кр... Леа Катарина Павиќ е 14-годишно девојче од Скопје, кое живее и учи во Кениј...

Најчитани неделава