Александар Михајловски: „Моите родители се разведоа кога имав две години, пораснат сум во стан со мајка ми, баба ми и дедо ми“

„Мајка ми многу се има жртвувано за мене. Пораснат сум со неа и со баба ми и дедо ми во двособен стан, којшто подоцна стана и трособен, затоа што кујната ја направивме детска соба, а во дневната се направи кујна. Дете на разведени родители - сум го доживувал ова трауматично како дете да бидам искрен“, искрено вели актерот Александар Михајловски, син на Тони Михајловски.

aleksandar-mihajlovski-moite-roditeli-se-razvedoa-koga-imav-dve-godini-porasnat-sum-vo-stan-so-nea-i-baba-mi-i-dedo-mi-01_2.jpg

Актерот Александар Михајловски, кој го наследи неверојатниот талент за глума од својот татко Тони Михајловски, гостуваше во подкастот на Стефан Лазаров и искрено прозборува за борбата со зависностите.

Александар вели дека одлучил ова да го сподели јавно за да испрати порака до младите да сфатат дека тоа е погрешно.

aleksandar-mihajlovski-moite-roditeli-se-razvedoa-koga-imav-dve-godini-porasnat-sum-vo-stan-so-nea-i-baba-mi-i-dedo-mi-02_2.jpg

Но, тој зборуваше и за неговата мајка и за разводот на неговите родители кој се случил кога тој имал само 2 години.

Стефан Лазаров вели: „Искрено сакам да зборувам е за твојата мајка… Знаеме и дека Тони сега има друга жена и дека имаш полубрат“, на што Александар го коригираше и вели:

„Брат, тој ми е брат, не постои полубрат, тоа е глупост. Мoже тоа да е некаков назив во општеството, но тоа дете мене ми е брат.

Јас сум пораснат сам и кога го добивме Максим во нашата фамилија како да ти кажам, веднаш тука кај срцето го истетовирав. Името негово на срце“.

На тема мајка му и разводот на неговите родители:

„Па, син на мајка, бе брат, се пошегува Александар за начинот на кој е потпишан на Инстаграм.

Мојата мајка е, како за секое дете неговата мајка, најпрекрасната жена што може да постои на планетата земја, во поглед на тоа каков човек е. Таа се има жртвувано за мене многу.

Пораснат сум со неа. Да, мојот татко бил секогаш тука со мене, бил во сите ситуации од животот, но со оглед на тоа што моите се развеле кога јас сум имал 2 години, затоа јас сум син на мајка.

Ќе кажат: „Ех, ти си мамина маза“… Сите ние сме и многу е убаво кога човек ќе ја почувствува љубовта од една жена на начин на којшто јас сум ја почувствувал, и пожртвуваноста, се разбира.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Александар Динев ја покажа куќата во с. Балинци каде израснал: „Немавме тоалет внатре, многу сакав с... Кога влезе во детската соба, каде што почнал да ги снима првите видеа за ТикТок,...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Дедо Киро го прослави својот 91-ви роденден - има 4 синови, бил дел од Титовата гарда Дедо Киро од кривопаланечко служел воен рок во ЈНА, каде што бил дел од Титовата...
Цеце Николова, порасна во дом за деца без родители и денес блеска: „Се срамам од постапките на моите... „На прашањето „Дали некогаш се срамиш од твоите родители?“, Цеце вели:„Уф, многу...
Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“ „Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си игр...
Александар Јосифовски, кој се прослави во Ѕвездите на Гранд, објави први фотки од ќерката - по разво... Нашиот рокер се разведе по 8 години брак, па убавата Србинка Ана му го освои срц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg