10 серии (за продолжен викенд) што ќе ве држат во неизвесност до последната епизода

Dark

Германската серија стана хит речиси веднаш откако почна да се емитува, и тоа со причина.

Главниот лик е момче од мало германско гратче чиј брат исчезнува.

Обидувајќи се да открие што му се случило, момчето открива заговор поврзан со патување низ времето.

Squid Game

Ако не ја изгледавте Squid Game во периодот кога ја гледаа сите, сега е време да го направите тоа.

Дејството се фокусира на бизарна игра со опасни, смртоносни предизвици, а главната награда е огромна сума пари.

Сакајќи да избегаат од сиромаштијата, многу луѓе прифаќаат да бидат дел од играта.

Stranger Things

Ако сте пораснале во 80-тите и 90-тите години на минатиот век, ова е серијата што ќе ве врати во детството.

Дејството е сместено во 1980-тите, а главните ликови се група пријатели кои пробуваат да разоткријат заговор за таен владин експеримент во нивниот град.

The Last of Us

The Last of Us е можеби единствената добра екранизација на видеоигра, а ќе ви се допадне дури и ако мразите видеоигри.

Дејството е сместено во иднината, кога речиси целото човештво е уништено од габи кои ги претвораат мртвите луѓе во вид зомби.

Главните ликови се маж и девојче кои се надеваат дека ќе најдат лек.

Twin Peaks

Ремек-делото на Дејвид Линч е од 1990 година, но ова не треба да ве одврати од намерата да ја изгледате серијата.

Главниот лик е ФБИ агентот Дејл Купер кој е на задача да го истражува убиството на 17-годишна девојка во градот Твин Пикс.

Покрај драмите на ликовите, серијата има и доза надреализам кој е препознатлив за Линч.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 мини-серии за маратонско гледање, одлични за продолжен викенд Ако сакате психолошки трилери, изгледајте ја Sharp Objects со Ејми Адамс во глав...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg