10 серии (за продолжен викенд) што ќе ве држат во неизвесност до последната епизода

Fargo, Twin Peaks и Sherlock се дел од сериите кои ќе ви го пополнат слободното време и дефинтивно ќе ве држат во неизвесност до последната епизода. 

10-serii-za-prodolzhen-vikend-shto-kje-ve-drzhat-vo-neizvesnost-do-poslednata-epizoda-01.jpg

Ако сакате возбудливи пресврти, приказни со детективи или заплеткани мистерии, сигурно ќе најдете нешто добро од листава.

10 серии што ќе ве држат во неизвесност до последната епизода:

Sherlock

Снимена според култните книги на Артур Конан Дојл, Sherlock се фокусира на добропознатиот генијалец Шерлок Холмс.

Заедно со неговиот партнер, доктор Вотсон, Шерлок решава убиства и мистерии кои се случуваат во Лондон во 21-век.

The Handmaid’s Tale

The Handimaid’s Tale е малку вознемирувачка серија, снимена според истоимената книга на Маргарет Атвуд.

Дејството е сместено во дистописка верзија на САД каде што жените немаат никаква права и повеќето се стерилни.

Но, оние кои можат да имаат деца, сега се робинки кои се присилени да раѓаат.

True Detective

Секоја сезона од True Detective се фокусира на различни ликови, убиства и злосторства, а првата се смета за една од најдобрите во историјата на телевизијата HBO.

Покрај морничавите злосторства во првата сезона, овде се и филозофските разговори на двајцата детективи кои ќе ве натераат да размислувате за животот.

Fargo

Серијата е инспирирана од истоимениот филм од 1996 година, а секоја сезона се фокусира на различни ликови.

Сите сезони обработуваат заплеткани мистерии кои, на некој чуден начин, се поврзани со гратчето Фарго во Северна Дакота.

Black Mirror

Black Mirror е антологиска серија, што значи секоја епизода обработува различна приказна.

Серијата на вознемирувачки начин ја претставува мрачната страна на технологијата и потенцијалниот хаос што може да го предизвика.

Уште пет серии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 мини-серии за маратонско гледање, одлични за продолжен викенд Ако сакате психолошки трилери, изгледајте ја Sharp Objects со Ејми Адамс во глав...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg