10 одлични крими филмови што ќе ви го пополнат слободното време

Ако сте расположени за мрачна крими приказна, нема да погрешите со Monster. Ако, пак, повеќе ви се гледа комедија, дајте му шанса на 21 Jump Street.

10-odlichni-krimi-filmovi-shto-kje-vi-go-popolnat-slobodnoto-vreme-01.jpg

Крими филмовите се секогаш забавни за гледање, а бидејќи неретко се комбинираат со други жанрови, има по нешто што за сечиј вкус.

Од крими комедии, до крими трилери, 10 филмови кои вреди да ги изгледате:

Captain Phillips

Снимен според морничав настан од 2009-та, Captain Phillips го прикажува трауматичното искуство на капетан чиј брод е нападнат од сомалиски пирати.

Ричард Филипс (Том Хенкс) е капетан на огромен товарен брод кој плови во опасен дел во близина на африканскиот брег.

Бродот го напаѓаат мала група пирати од Сомалија, а Ричард пробува да го заштити својот екипаж.

Lord of War

Одлична воена крими драма која покажува што се случува со оружјето кое американските војници го оставаат зад нив по воените конфликти.

Дејството се фокусира на подемот и падот на Јури – син на украински бегалци кој продава оружје на црно со помош на неговиот брат.

Главните улоги им припаѓаат на Николас Кејџ и Џаред Лето.

Monster

Филмот што ѝ донесе Оскар на Шарлиз Терон е снимен според висинската приказна на Ејлин – проститутка која убила седум од нејзините клиенти.

Филмот на моменти е вознемирувачки и ликот на Шерон дефинитивно е убиец, но многу реално прикажува со што се соочуваат сексуалните работнички.

Покрај Терон, во филмот ја гледаме и Кристина Ричи.

Law Abiding Citizen

Џерард Батлер го глуми Клајд – маж чие семејство е сурово убиено во неговиот дом.

Откако американскиот правен систем потфрла и едниот од убијците е ослободен, Клајд ги презема работите во свои раце.

Тој сака да му се одмазди не само на убиецот, туку и на судијата и сите одговорни кои го ослободиле.

21 Jump Street

По неколку мрачни предлози, време е и за комедија.

Џона Хил и Ченинг Тејтум глумат полицајци кои пробуваат да фатат дилер кој продава нова синтетичка дрога.

За оваа цел, тие се преправаат дека се средношколци и пробуваат за се инфилтрираат во локално училиште.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg