10 одлични крими филмови што ќе ви го пополнат слободното време

House of Gucci

Инспириран од вистинската приказна, House of Gucci ја прикажува пропаста на познатото дизајнерско семејство Гучи, заедно со ладнокрвното убиство на едниот од членовите.

Во главните улоги ги гледаме Џаред Лето, Адам Драјвер, Лејди Гага и Ал Пачино.

The Wolf of Wall Street

Ниту една листа со крими филмови не е целосна без дело на Мартин Скорсезе.

The Wolf of Wall Street го раскажува бурниот живот на брокерот Џордан Белфорт – од неговите скромни почетоци, преку проблемите со зависност, до криминалот што го направи милионер.

Главните улоги им припаѓаат на Леонардо ди Каприо, Џона Хил, Марго Роби и Метју Меконахи.

See How They Run

Забавна крими комедија која сигурно ќе ве потсети на приказна од Агата Кристи.

Дејството е сместено во 1950-тите, во Лондон, кога театарски актер е мистериозно убиен.

Инспекторот Стопард (Сем Роквел) е на задача да го реши случајот со помош на неискусна полицајка (Сирша Ронан).

Wind River

Џереми Ренер го глуми Кори, маж кој го наоѓа мртвото замрзнато тело на 18-гоидшна Индијанка.

Бидејќи станува збор за убиство, во неговото гратче доаѓа агентка на ФБИ за да го реши случајот.

Wind River е напната крими мистерија кога ќе ве држи во неизвесност до самиот крај.

Chicago

Забавен крими мјузикл кој ќе ви се допадне дури и ако мразите мјузикли.

Дејството е сместено во Чикаго, во 1920-тите. Главните ликови се две жени кои се во затвор поради убиството на нивните партнери.

Со помош на искусен (и шармантен) адвокат, тие се борат за својата слобода.

Главните улоги им припаѓаат на Рене Зелвегер, Кетрин Зита-Џонс и Ричард Гир.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg