10 романтични комедии што ќе ве опуштат и расположат овој викенд
The Proposal, Bridget Jones’s Diary и Why Him? се забавни романтични комедии кои можат инстантно да ви го подобрат расположението. Кој е вашиот омилен филм од овој жанр?
Љубовни триаголници, комплицирани врски, но и доза комични ситуации – постои причина зошто сите сакаме (барем понекогаш) да изгледаме некоја романтична комедија.
Ако сте расположени за овој жанр, сигурно ќе ви се допадне нешто од следниве предлози:
How to Lose a Guy in 10 Days
Главните ликови се новинарката Енди и Бенџамин - маж кој работи во маркетинг.
Додека работи на колумна, Енди пробува да открие како може да натера едно момче да ѝ раскине за десет дена. Бенџамин, од друга страна, се обложува со колега дека може да натера која било жена да се вљуби во него.
Двајцата почнуваат да излегуваат, не знаејќи за нивните тајни планови.
500 Days of Summer
Забавен филм чие дејство не е прикажано линеарно.
Главниот лик е Том, надежен архитект кој е вљубен во колешката со којашто се гледа.
Но, додека тој се обидува да го продлабочи односот со неа, девојката упорно му кажува дека не е заинтересирана за сериозна врска.
My Big Fat Greek Wedding
Забавна комедија чие дејство по малку ќе ве потсети и на македонските (огромни) свадби.
Главните ликови се Гркинка и нејзиниот партнер кои се подготвуваат за нивната голема свадба во која доминираат грчките традиции.
The Proposal
Сандра Булок глуми директорка која потекнува од Канада, а живее во САД.
Но, бидејќи нејзината виза истекува, постои ризик да биде депортирана.
За да го избегне ова, таа го тера нејзиниот асистент (Рајан Рејнолдс) да се венча со неа.
Crazy, Stupid, Love
Кал е средовечен маж чија сопруга бара да се разведат. Набрзо тој се зближува со Џејкоб кој почнува да го учи како да заведува жени по барови.
Но, еден ден ќерка му си доаѓа дома со нејзиното ново момче – Џејкоб.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





