10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение

Pitch Perfect

Ако сте расположени за мјузикл што ќе ви го подобри расположението, дајте му шанса на Pitch Perfect.

Главниот лик е девојка која се запишува на факултет каде што, пак, станува дел од женска пејачка група.

The Addam’s Family

Филмот за познатото морничаво семејство е совршен за врнежливите есенски денови, дури и ако ви изгледан стопати досега.

Главните ликови се членовите на необичното семејство Адамс кои мора да се справат со заговорот против нив поради кој може да ја изгубат куќата.

Rushmore

Главниот лик во забавната комедија на Вес Андерсон е 15-годишно момче, но ова е далеку од тинејџерски филм.

15-годишниот Макс Фишер учи во престижно училиште каде што има многу слаб успех, но затоа, пак, е активен во скоро сите вонучилишни активности.

Death Becomes Her

Уште еден забавен филм доколку сакате филмови со доза магија, и тоа со Мерил Стрип и Голди Хоун во главните улоги.

Death Вecomes Her е комедија во која главните ликови се актерка и надежна писателка кои се вљубуваат во ист маж.

Со цел да останат млади, тие пијат волшебна напивка, но сфаќаат дека со ова станале бесмртни.

Little Women

Снимен според истоимената книга, Little Women се фокусира на животот на четири сестри од Масачусетс за време на 19-тиот век.

Филмот има одлична актерка екипа што ја сочинуваат ѕвезди како Сирша Ронан, Ема Вотсон и Флоренс Пју.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg