10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен

The Creator

Научно фантастичен филм сместен во иднината, во период кога човечката раса води војна против напредна вештачка интелигенција.

Главниот лик е на задача да го најде креаторот на вештачката интелигенција и да стави крај на конфликтот.

Fair Play

Забавен трилер каде што главните ликови се млад пар.

Но, стабилноста на нивната врска е загрозена поради неочекувано унапредување во фирмата во којашто работат и двајцата.

The Burial

Главниот лик е адвокат кој сака да му помогне на сопственик на погребна служба да се справи со финансиските проблеми.

Во главните улоги ги гледаме Џејми Фокс и Томи Ли Џонс.

Anatomy of a Fall

Морничав француски трилер од кој ќе ве полазат морници.

Главниот лик е жена која е осомничена за убиството на нејзиниот сопруг. Нивниот син, кој е слеп, е главниот сведок на убиството и се соочува со свои демони.

Elemental

Презабавен анимиран филм на Pixar во кој ќе уживате, без разлика што сте возрасни.

Дејството е сместено во необичен град каде што живеат четирите елементи – оган, вода, земај и воздух.

Но, од очигледни причини, некои од нив, како оган и вода, не е препорачливо да се дружат.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
10 романтични комедии што ќе ве опуштат и расположат овој викенд The Proposal, Bridget Jones’s Diary и Why Him? се забавни романтични комедии кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg